Saturday, May 30, 2020

Историја 8 одд. Афирмација на националната мисла за создавање на македонската држава

Афирмација на националната мисла за создавање на македонската држава

Цели на часот:
- Да знаат за засилениот процес на афирмација на македонската национална свест
- Да знаат за најважните творци и творби на Македонците со кои се афирмирал македонскиот јазик и култура 

Развојот на македонската национална мисла и борбата за македонска држава

-Борбата за македонската национална посебност и независна македонска држава имала значаен развој во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Овој процес го сочинувале две
компоненти:
- афирмација на македонската национална посебност
- борбата за независна македонска држава
- Македонската национална посебност била афирмирана со настојувањата за признавање на македонскиот јазик, култура и историја и барање за обнова на Охридската архиепископија
како македонска црква 
- Македонските интелектуалци биле предводници на процесот на национално будење и осознавање на македонскиот народ. Остварување на овие цели било полесно преку  
културно-просветна активност и преку востание (наидувале на пречки кај османлиската власт и соседните балкански држави)

Националната мисла на Крсте Петков Мисирков (1874-1926)

- К.П. Мисирков се залагал за признавање  на посебноста на македонскиот народ, за кодификација на македонскиот јазик и правопис и за обнова на Охридската архиепископија како македонска црква. 

- Највисок дострел во научната дејност на Мисирков претставува книгата „За македонцките работи „објавена кон крајот на 1903 г. во Софија. Книгата е објавена на македонски јазик со посебен правопис - врз научна основа се докажува посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик. Книгата била запленета од бугарските власти.

                                                              
 
Крсте Петков Мисирков




За Македонцките работи - факсимил

                                   
Националната дејност на Димитрија Чуповски (1878 - 1940) 

- Д. Чуповски бил основач и претседател на Македонското научно литературно другарство во 
Санкт Петербург (1902 - 1912) 
- Димитрија Чуповски објавил карта на Македонија во нејзините природни и етнички граници
- Испратил „Меморандум за независноста на Македонија„  до Лондонската мировна конференција, до големите сили и до владите на балканските држави
- Било издавано списанието „Македонски глас„
- Д. Чуповски починал во Русија 
- 1990 г. неговите мошти биле пренесени во Скопје

Домашна задача: Да се направи истражување за научната дејност на Крсте Петков Мисирков и значењето на неговата книга „За македонцките работи„ 

Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live. com


         











































































No comments:

Post a Comment