Monday, June 1, 2020

Историја 7 одд. Положбата на Охридската архиепископија во Осмалиската држава

Положбата на Охридската архиепископија во Османлиската држава

Цели на часот:
- Да знае за положбата и односот на османлиската власт кон Охридската архиепископија
- Да знае за врските на Охридската архиепископија со европските и христијанските држави
- Да знае за укинувањето на Архиепископијата (1767) и последиците за македонскиот народ

Односот на Османлиската власт спрема Охридската архиепископија

- Со потпаѓањето на Македонија под османлиска власт Охридската архиепископија продолжила да постои како самостојна црква
- Во почетокот на османлиското владеење Охридската архиепископијс ги проширила црковните граници
- По големите територјални придобивки на Балканот, Османлиите го смениле односот кон Охридската архиепископија
- Повеќе цркви во Македонија биле преобразени во муслимански храмови - џамии
- Во XV век црквата Св. Софија, црквата Св. Пантелејмон биле претворени во џамии
- Во македонските цркви и манастири се негувал словенскиот јазик и македонскиот народен говор
- За да ја задржи самостојноста, Охридската архиепископија на султанот му плаќала големи даноци

                                                             Св. Софија - Охрид

Врските на Охридската архиепископија со европските земји

- Охридската архиепископија одржувала блиски врски со Цариградската патријаршија
- Охридските архиепископи се држеле до одлуките на Синодот на Охридскта архиепископија
- Членови на Синодот биле сите епископи од одделните епархии
- Охридските архиепископи се залагале за поголема самостојност на црквата и ја подржувале борбата против Османлиите - барале помош од европските земји
- Некои архиепископи се залагале за дадената помош на македонскио народ и за слободата на Македонија, Архиепископијата да ја прифати католичката вера

Укинување на Охридската архиепископија 1767 г.

- Со поткупи на османлиските власти Цариградската црква успеала да и одземе повеќецрковни области на Охридската  архиепископија
- Охридскиот архиепископ Арсениј на 17-ти јануари 1767 г. поднел  писмена оставка
- Охридската архиепископија била укината, а македонските цркви биле приклучени кон Цариградската патријаршија


Домашна задача: Каква е улогата на Охридската архиепископија во текот на XV и XVI век. Домашната задача да се испрати на kate.avramoska@live.com

No comments:

Post a Comment