Friday, May 29, 2020

Историја 9 одд. Положбата на Македонците во соседните држави

Положбата на Македонците во соседните држави

Цели на часот:
- Да знаат за положбата на Македонците во Пиринска Македонија и за односот на бугарските власти кон нивните национални права и посебност
- Да знаат за положбата на Македонците во Егејска Македонија и за односот на грчката
политика кон признавањето на нивната национална посебност
- Да знаат за положбата на Македонците во Албанија
- Да ги споредуваат правата на Македонците во соседните држави во однос на правата на етничките заедници и во РМ

Македонците во Пиринска Македонија

- Со признавањето  на македонската нација во Пиринскиот дел на Македонија почнал таканаречениот период на културна автономија, период кога се афирмирале македонските национални и културно-јазични вредности
- Во 1947 г. македонскиот јазик бил воведен во наставниот процес
- По 1958 г. бугарската држава ја сменила својата политика во однос на македонското национално прашање
- Македонското име и македонскиот јазик биле забранети, а Македонците биле сметани за Бугари
- Македонците што давале отпор на новата бугарска политика на денационализација и асимилација биле испраќани во затвори
- Демократските процеси во Бугарија по 1990 г. со ништо не ја смениле бугарската политика
во однос на македонското прашање
- Македонското име и македонскиот јазик останале непризнати 

Македонците во Егејска Македонија

- По Втората светска војна (по договорот во Варкиза) македонското име и македонскиот јазик биле забранети во Егејска Македонија и сите национално - културни придобивки што ги постигнал македонскиот народ во текот на НОВ биле укинати
- Во 1944 г. се формирала Привремена политичка комисија на Македонците во Грција, а покасно се формирал Народноослободителен фронт на Македонците од Егејска Македонија
- 1945 г. се формирале првите македонски вооружени трупи со цел да го заштитат македонското население од теророт на грчките национални сили
- Судирот меѓу левите и десните политички сили во Грција прераснал во Граѓанска војна
(1946-1949)
- Учеството на Македонците во војната на страна на ДАГ (Демократска армија на Грција)
ја принудило КПГ да ги озакони националните права на  Македонците

-По поразот на ДАГ во 1949 г. македонското име и македонскиот јазик повторно биле забранети
- На  Македонците кои заминале во источноевропските земји им се одзело државјанството, 
им се забранило враќање во земјата и не им се признало правото на имот

Делот на Македонија под Албанија по Втората светска војна

- По 1944 г. со признавањето на македонската нација албанската држава го признала и постоењето на македонскиот јазик
- Биле отворени македонски училишта во реоните на Голо Брдо, Долна Преспа, Пустец
-Признавањето на НР Албанија во 1967 г. за прва атеистичка држава предизвикало последици и врз Македонците и бил забрзан процесот на на денационализација и асимилација  на неалбанското население
- Во периодот на режимот на Енвер Хоџа  Македонците биле принудени да ги албанизираат
своите имиња и презимиња, а македонската топонимија постепено почнала да исчезнува.

Домашна задача: Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 152
- Да се направи истражување  за владеењето на Енвер Хоџа во Албанија 

Изработените задолженија да се испратат на kate.avramoska@live.com

No comments:

Post a Comment