Saturday, May 30, 2020

Историја 9 одд. Иселеништвото од Македонија во светот по Втората светска војна

Иселеништвото од Македонија во светот по Втората светска војна

Цели на часот: 
- Да знаат за причините за миграциите на населението од Македонија
- Да знаат за најголемите миграциони центри на македонските граѓани и за начинот на живот и прилагодување на новата средина
- Да знаат за врските на иселениците со татковината

Причини за иселувањето од Македонија во светот

-Иселувањето од Македонија по Втората светска војна било од политички и економски причини
- Од политички причини најзначајно влијание имале: 
Граѓанската војна војна во Грција (1946-1949) и Резолуцијата на Информбирото
- Економските причини - изразени низ желбата за подобар живот
-Во периодот од 1965 до 1970 г. од СР Македонија се иселиле околу 22 илјади Македонци посебно од Битолскиот крај
- По Втората светска војна најмногу Македонци се иселиле во Австралија
- Денеска голем број Македонци живеат и работат во САД, Канада, Австралија, како и во    многу европски земји

Културно-просветно и национално политичко организирање

- Денес во светот постојат околу 600 иселенички друштва и други асоцијации
-Најбројна е организираноста во Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија

Улогата на Македонската православна црква 

- Во прекуокеанските земји црковниот живот е организиран во две епархии: Американско-Канадска и Австралиска епархија со вкупно 34 црковни општини, два манастира и 
модерни црковни згради за духовна и културно- просветна активност


                                             Македонска православна црква во Торонто

Органската поврзаност на македонското иселеништво во светот со татковината

- Македонските иселеници се во постојани врски со татковината особено преку 
Матицата на иселеници од Македонија, која го издава месечното списание Македонија.
Нивниот интерес за животот и развојот на татковината се дел од деценискиот интерес за 
опстојување и активност како македонска етничка заедница, Тој взаемен интерес за запознавање произлегува од нашата органска национална, историска и духовна поврзаност.
Македонските иселеници се подготвени за секаква соработка со  Македонија.


Домашна задача : Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 155.
- Да се истражува за Македонците во дијаспората и нивното значење за афирмирање на македонскиот јазик и македонското име. 
Домашната задача да се испрати на kate.avramoska@live.com

No comments:

Post a Comment