Tuesday, March 31, 2020

thumbnail

Математика за II Одд. - 3 Д Форми - опишување - Презентација и наставен лист - Јованка Новеска


На почеток, уште еднаш да се потсетиме :  Што се 3Д ? Потоа именувајте неколку 3Д форми. Во продолжение погледнете ја презентацијата за 3Д форми. Истата превземете ја на следниот линк. При следење на презентацијата, кога ќе дојдате до слајдот "Прашања и одговори", секое прашање ќе го препишете во тетратка, ќе го одговорите, а по секое прашање, на следниот слајд следи одговор (така ќе се самооценувате дали точно сте одговориле).
Потоа преминете на решавање на наставниот лист, притоа обрнете внимание т.е. читајте внимателно што се бара, за да одговорите успешно на барањата. Наставниот лист превземете го на следниот линк.

Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега).
По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com

Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.

Ви посакувам успешна работа!


Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.