Thursday, April 30, 2020

thumbnail

Англиски јазик – Четврто одделение - Rap: The Weather Rap - Ивана Самојловска

Rap: The Weather Rap

Go to page 94 listen and complete the rap.

(Отворете на страна 94, слушајте ја и пополнете ја песната. Препишете ја во тетратка. Потоа слушајте ја повеќе пати и пејте ја. Кој може нека ја научи и нека се снима, па ќе  ми ја пратите снимката да ве слушнам. ❤)




thumbnail

Англиски јазик – Трето одделение - Skills practice.Landscape.Transport - Ивана Самојловска

Skills practice: Landscape. Transport.



12. Look at the map. Listen, do and answer.


(Гледајте ја мапата, слушајте го аудио записот, препишете ги прашањата во вашата тетратка и одговорете ги.)

This is the UK. (the United Kingdom) (Ова е Обединетото Кралство.)

1. There are mountains. Point to the mountains. (Има планини. Покажете ги планините.)

2. There are lakes. How many lakes can you see? (Има езера. Колку езера можеш да видиш?)

3. There are rivers. How many rivers can you see? (Има реки. Колку реки можеш да видиш?)

4. There are fields and tractors. Point to the tractors. (Има полиња и трактори. Покажете ги тракторите.)

5. There are boats. How many boats can you see? (Има бродови. Колку бродови можете да видите?)

6. There are forests. Point to the forests. (Има шуми. Покажете ги шумите.)

7. There's a bus. What colour is the bus? (Има автобус. Каква боја е автобусот?)










13. Cut out (page 85). Then listen and play.

Go to page 85, cut out and write your names behind the card. Then go back to page 57, listen the recording and play a game. 
(Отворете на страна 85, исечете ги сликичките и запишете го вашето име на задната страна. Потоа, вратете се на страна 57, слушајте го аудио записот и играјте игра.)




thumbnail

Англиски јазик Петто одделение The Adverb rap Верица Милошеска


  • Слушнете ја песничката, препишете ја во тетратка и дополнете ги зборовите што недостасуваат.



  • Вежбата бр. 4 препишите ја и решите ја во вашите тетратки.



И песничката и вежбата се на стр.69 од учебникот

thumbnail

Англиски јазик Трето одделение May Day Верица Милошеска

Talking about May Day

May Day се прославува на 1 ви Мај секоја година како Интернационален ден на трудот, но во земјите од англиско говорно подрачје се прославува и како Фестивал на Пролетта. На тој ден децата не одат на училиште, се собираат , прават венчиња од цвеќиња , играат и ги вртат лентите на традиционалниот May pole- столб со ленти во различни бои.

Вокабулар: 1. leaves- листови, 2.ribbons- ленти или машни, 3. crown- круна,венче, 4.maypole- столб со ленти, 5.dance- игра


  •  текстот од првата вежба на стр.72 ќе го препишете во тетратка и ќе ги дополните зборовите кои недостасуваат.Ако не сте сигурни за некој збор, гледајте го видеото каде што детето раскажува.





  • Слушнете ја песничката, научете ја и пратите снимка




thumbnail

Изведени мерни единици

Изведени мерни единици

Изведена мерна единица е онаа мерка што вклучува мерни единици од две различни величини. 
Средната брзина е пример за изведена мерна единица, бидејќи таа го узразува патот изминат за одредено време.

Други примери за изведени мерни единици: 
- притисок, мерен во њутни на квадратен метар;
- проток на течност, измерена во литри во секунда;
- цена на стока, измерена во денари за грам или во денари за литар.

Примена на графици

На цртежот е прикажан еден график на изминат пат (пат-време)
(за да ги видите сликите поубаво изберете ја опцијата original size)


Домашна работа: Да се нацртаат графиците од 1,3 и 5 задача од листовите и да се дадат полни одговори без препишување на текстот.
Учениците кои сакаат повеќе да научат да се обидат да ја решат задача 7 од учебникот на стр.245
Учениците кои нема да можат да ги одговорат задачите да ги пререшат примерите 1 и 2 од учебникот на стр.241,242


thumbnail

4одд.Македонски јазик Оливера Велеска

Говорна вежба-„1-ви Мај -ден на трудот“
Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.
Погледнете ја презентацијата на следниот линк и научете ја стихотворбата што е постирана.
Со цртеж претставите  една строфа од песната-„Честит1-ви Мај“
thumbnail

Работа со компјутери 5 одд Тема 7 - онлајн живеење Наставна содржина: Компјутерска мрежа -Марија Лулкоска


Компјутерски мрежи

Веднаш по појава на првите компјутери се размислувало за комуникација помеѓу компјутерите, односно за размена на податоци без користење на надворешни мемории, туку со директна врска (on line). За оваа цел компјутерите се поврзуваат во компјутерски мрежи. Компјутерска мрежа претставува збир од два или повеќе компјутери кои се поврзани преку комуникациски медиум и кои меѓусебно можат да комуницираат и да делат ресурси. Мрежите се користат за пренос како на дигитални така и на аналогни податоци кои мора да бидат прилагодени кон соодветни системи за пренос. Податоците можат да се пренесуваат во реално време (говор, видео и сл.) или во одложено време (електронска пошта, пренос на датотеки и сл.)
Компјутерите се поврзуваат во компјутерски мрежи со цел на:
- заедничко користење на софтверски (апликации, игри и сл.) и на хардверски ресурси (дискови, печатачи, скенери и други уреди),
- заедничко користење на датотеки (документи, слики, музика итн.),
- размена на податоци и комуникација помеѓу корисниците,
- заедничка работа на корисниците на некои проекти.

Видови на компјутерски мрежи 

Поделба според големината и распространетост Според големината и функцијата која ја
имаат, компјутерските мрежи се поделени во три основни групи:
 • локални мрежи LAN (Local Area Networks)
 • регионални (градски) мрежи MAN (Metropolitan Area Networks)
 • глобални мрежи WAN (Wide-Area Networks).

Локални мрежи -LAN (Local Area Networks)

Локална компјутерска мрежа претставува основа на секоја мрежа. Оваа мрежа е просторно ограничена – поврзаните компјутери се наоѓаат на релативно мал простор, како што е зграда или комплекс од згради. Во локалните мрежи секој компјутер има можност да пристапи до податоци и уреди на некој друг компјутер во мрежата. На овој начин повеќе компјутери можат да користат скапа опрема како што се ласерски печатачи или плотери, како и самите податоци. Корисникот на еден компјутер одлучува кои ресурси ќе се делат во мрежата. 
Како преносни медиуми кај локалните мрежи се користат кабли или безжична врска кога се работи за безжична локална мрежа WLAN (Wireless Local Area Network). 
Безжични локални мрежи имаат помала брзина на пренос на податоци но обезбедуваат поголема мобилност на корисниците. 

Регионални (градски) мрежи MAN (Metropolitan Area Networks)

Во регионални компјутерски мрежи се поврзуваат компјутери кои се наоѓаат на територија на еден град или регион. Како преносен медиум се користи некој од расположиви видови на јавен пренос (телефонски линии, сателитски врски и оптички врски). 

Глобални мрежи WAN (Wide-Area Networks)

Во глобална компјутерска мрежа се поврзуваат компјутерите од целиот свет. Оваа мрежа, всушност, претставува мрежа од повеќе локални и регионални мрежи и овозможува комуникација помеѓу мрежи кои не се на ист географски простор. Интернетот е најдобриот пример за овој вид на мрежи иако за него повеќе се користи терминот глобална мрежа. Глобалната мрежа ги поврзува сите мрежи во една целина која овозможува користење на податоци и ресурси низ целата планета. 

Поделба според начинот на поврзување 

Во повеќето мрежи се користат кабли за поврзување на уредите, притоа тие можат да бидат поврзани со единствен кабел кој ги поврзува сите уреди или пак каблите да го поврзуваат секој уред со централна локација. Каблите се направени од бакарни жици, а се користат и други видови на медиуми како што се стакло или пластика.
Набрзо по појавувањето на преносните сметачи (notebook или како вие ги знаете- лаптопи), повеќето корисници имале потреба од безжично поврзување кон Интернет или локалните мрежи. Сметачите се опремуваат со радио примопредаватели со краток досег. За безжичен пренос се користат радиобранови и микробранов пренос(router кој исто така го знаеме под името рутер).
Според начинот на поврзување, компјутерските мрежи се делат на:
 • жичани компјутерски мрежи и
 • безжични компјутерски мрежи


Вмрежување на персоналните компјутери 

Персоналните компјутери (десктоп и преносни) можат да работат самостојно или во мрежа поврзани со други компјутери. Компјутерот кој работи самостојно мора на својот диск да ги има инсталирано сите апликации потребни на корисникот. Исто така сите податоци треба да бидат зачувани на дискот или на некоја друга надворешна меморија. Доколку има потреба од користење на дополнителни перифериски единици, како што се печатач, скенер, звучник и други, тие мора да бидат поврзани на самиот компјутер. Компјутерот кој е поврзан во мрежа се нарекува работна станица. Кога се работи со вмрежен компјутер, можат да се разменуваат податоци и информации со други компјутери во вид на пораки и датотеки, или може да се делат перифериски единици и да се користат мрежни апликации. Периферни уреди и додатна опрема во мрежа Мрежите, особено домашните, можат да бидат многу пософистицирани бидејќи постојат многу други додатни и периферни уреди кои можат да се приклучат во мрежа. На сликата подоле е даден пример на една добро опремена домашна мрежа.
Во оваа мрежа централното место го зазема безжичен рутер кој го поврзува десктоп компјутерот со серверот намрежата.Освен компјутерот, во мрежата се поврзани и лаптоп, печатач,таблет, смартфон, читач на книги и опрема за следење на ТВ и музички програми преку Интернет. Поврзувањето главно е безжично, но се користат и кабли за поврзување на десктоп компјутер со рутер, со печатач и со сервер. Рутерот сите единици ги поврзува една со друга и со Интернет.

Резиме 

  1. Компјутерска мрежа претставува збир од два или повеќе компјутери кои се поврзани преку комуникациски медиуми кои меѓусебно можат да комуницираат и да делат ресурси. 
  2.  Според големина и функција која ја имаат компјутерските мрежи се поделени во две основни групи: локална мрежа LAN и мрежа на широко подрачје WAN. 
  3. Персоналните компјутери можат да работат самостојно или во мрежа поврзани со други компјутери. 
  4. Компјутер кој е поврзан во мрежа се нарекува работна станица. 
  5. Во мрежите, особено домашните, постојат многу други периферни единици кои можат да се приклучат во мрежа.


Прашања за домашна работа: 
Што е компјутерска мрежа? Колку најмалку компјутери ја сочинуваат мрежата?
Кои се придобивките од поврзување на компјутерите во мрежа? 
Што е LAN, а што WAN?
Што е работна станица?
Освен компјутерите, кои други додатни и периферни уреди можат да бидат поврзани во мрежа?

Wednesday, April 29, 2020

thumbnail

Проекти Од Информатиката 8 Одд

Тема:Табеларно пресметување 


Наставна содржина: Форматирање Клетки (страна 102-103)




Одговори ги следниве прашања во тетратка и во гориот десен агол “задолжително напиши го твоето име премизиме и одд“. 

Прашања:

1. Препиш ја темата и наставната содржина (како наслов).

2. Кои активности ги опфаќа форматиеањето на клетките.

3. Како се форматира клетка (ќелија).

4. Објасни ги (препиши) 6те области за пристап на вредности во Excel (2, 3 ,4, 5, 6 и 7 пасуси).

5. За што ни користат следниве алатки во Excel (слика).

6. Како се порамнува во однос на рабовите.

7. Колку видиви на порамнување можат да имаат вредностите во клетките (10 и 11 пасус)

8. Каква орентација може да има текстот.

9. Како вредностите во клетките може да ги пишуваме накосено.

Excel XP: Text and Cell Alignments

10. Препиши во тетратка заклучок (Форматирање Клетки).




Испратите на емаил: petarbratstvo@gmail.com Или доколку немате емаил ќе ме најдете на facebook како Petar Ristoski и ќе ми ја испратите по порака на mesenger.


!!Важно!!! Рокот за доставување на домашната работа е до ПОНЕДАЛНИК 04.05.2020 до 20:00 часот.




Бонус Да Се Изработи Во Excel Таблица За Множење До 10 (Слика) 





За учениците кои немаат учебник слики од наставната содржина 

thumbnail

Англиски јазик – Трето одделение - Story: Here's the train, Mickey! - Ивана Самојловска

Story: Here's the train, Mickey!


10. Listen and answer.

Listen to the story a few times, then write the questions in your notebook and answer them:
(Слушајте ја приказната повеќе пати, потоа препишете ги прашањата во вашата тетратка и одговорете ги)


1. What does Mickey like? (Што сака Мики?)
2. How many boats are there? (Колку бродови има?)
3. What can Mickey and Minnie see? (Што можат Мики и Мини да видат?)
4. What can Minnie see? (Што може Мини да види?)
5. Has Goofy got strong arms? (Дали Гуфи има силни раце?)
6. Is the cow OK? (Дали е кравата во ред?)







Powered by Blogger.