Monday, November 7, 2022
Friday, October 9, 2020
Monday, June 8, 2020
Англиски јазик – Второ одделение - Revision Unit 8 - Ивана Самојловска
Повторување и утврдување - Revision Unit 8
13. Listen and number. Then listen and say.
Слушајте го аудио записот и напишете го точниот број во празното квадратче. Потоа слушајте го вториот дел и погодете кое е животното што го слушате.
14. Count and write.
Гледајте ја големата слика и во празните квадратчиња напишете го точниот број на животни кои ги има на фармата.
15. Listen and number. Then write.
Слушајте го аудио записот и напишете го точниот број во празните квадратчиња на сликата. А потоа на празните места под сликата, напишете ги дадените зборови за животни, според бројот кој го напишавте.
17. Draw and say.
Нацртајте го вашето милениче кое го имате или кое би сакале да го имате.
·
Thursday, June 4, 2020
Wednesday, June 3, 2020
Англиски јазик – Прво одделение - Revision - Повторување - Ивана Самојловска
Revision - Повторување
(Целта на овој час е потсетување на изучените приказни. Станува збор за две изучени приказни: Cat, kittens, lost and found mittens и The three little butterflies.)
Click on the title below to watch the story. (Кликнете на насловот за да ја гледате приказната).
Click on the title below to watch the story. (Кликнете на насловот за да ја гледате приказната).
Tuesday, June 2, 2020
Англиски јазик – Второ одделение - Practice: Animals and clothes - Ивана Самојловска
Practice: Animals and clothes.
11. Listen and tick or cross.
Слушајте го аудио записот и во празното квадратче обележете дали е точен описот или не.
12. Cut out (page 87). Then listen and play.
Go to page 87, cut out and write your names behind the cards. Then go back to page 65, listen the recording and play a game. (Отворете на страна 87, исечете ги сликичките и запишете го вашето име на задната страна. Потоа, вратете се на страна 65, слушајте го аудио записот и играјте игра.)
Историја 7 одд. Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век
Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век
Цели на часот:
- Да знае за развојот и специфичностите на просветата, културата и уметноста во
Македонија
- Да го сфати значењето на христијанската црква во Македонија во ширењето на просветата и културата
- Да знае за појавата и развојот на исламската култура во Македонија
- Да ги сфати обичаите и начинот на живот на обичниот човек
Писменост и литература
- Поважни книжевни центри во манастирите биле: Кратовскиот, Лесновскиот, Трескавечкиот и Слепченскиот книжевен центар
- Во книжевните центри се негувал словенскиот јазик, со македонски народни обележја
- Се пишувале ракописи со црковна содржина
- Манастирите биле центри на просветата и на црковните училишта - учители биле поповите и калуѓерите
- Во градовите имаало световни училишта
- Појава на печатарството
-Јаков од Камена Река (Каменица) во Венеција во XVI век го отпечатил делото „Часослов„
Христофор Жефарович од Дојран во 1741 г. во Виена го отпечатил делото „Стематографија„
- Во исламските верски објекти најмногу се препишувал Коранот. Учители биле оџите
Архитектура
- Во Македонија се обновувале многу цркви и манастири
- Градовите биле опкружени со тврдини, а постепено се развивала градската архитектура
- Во градовите се граделе џамии и турбиња, амами (јавни бањи) за одржување на хигиената, чешми, анови за престој на трговците во градовите
- Во градовите имало и покриени пазaри - безистени, големи куќи - сараи на најбогатите
граѓани
Св. Јован Бигорски
Шарена џамија - Тетово
Уметност
- Во манастирите се сликале фрески и икони
- Развиено копаничарство (резба во дрво)
Домашна работа: Во историскиот албум да се залепат слики од верски објекти
Monday, June 1, 2020
Историја 7 одд. Положбата на Охридската архиепископија во Осмалиската држава
Положбата на Охридската архиепископија во Османлиската држава
Цели на часот:
- Да знае за положбата и односот на османлиската власт кон Охридската архиепископија
- Да знае за врските на Охридската архиепископија со европските и христијанските држави
- Да знае за укинувањето на Архиепископијата (1767) и последиците за македонскиот народ
Односот на Османлиската власт спрема Охридската архиепископија
- Со потпаѓањето на Македонија под османлиска власт Охридската архиепископија продолжила да постои како самостојна црква
- Во почетокот на османлиското владеење Охридската архиепископијс ги проширила црковните граници
- По големите територјални придобивки на Балканот, Османлиите го смениле односот кон Охридската архиепископија
- Повеќе цркви во Македонија биле преобразени во муслимански храмови - џамии
- Во XV век црквата Св. Софија, црквата Св. Пантелејмон биле претворени во џамии
- Во македонските цркви и манастири се негувал словенскиот јазик и македонскиот народен говор
- За да ја задржи самостојноста, Охридската архиепископија на султанот му плаќала големи даноци
Св. Софија - Охрид
Врските на Охридската архиепископија со европските земји
- Охридската архиепископија одржувала блиски врски со Цариградската патријаршија
- Охридските архиепископи се држеле до одлуките на Синодот на Охридскта архиепископија
- Членови на Синодот биле сите епископи од одделните епархии
- Охридските архиепископи се залагале за поголема самостојност на црквата и ја подржувале борбата против Османлиите - барале помош од европските земји
- Некои архиепископи се залагале за дадената помош на македонскио народ и за слободата на Македонија, Архиепископијата да ја прифати католичката вера
Укинување на Охридската архиепископија 1767 г.
- Со поткупи на османлиските власти Цариградската црква успеала да и одземе повеќецрковни области на Охридската архиепископија
- Охридскиот архиепископ Арсениј на 17-ти јануари 1767 г. поднел писмена оставка
- Охридската архиепископија била укината, а македонските цркви биле приклучени кон Цариградската патријаршија
Домашна задача: Каква е улогата на Охридската архиепископија во текот на XV и XVI век. Домашната задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
Историја 7 одд. Карпошово востание
Карпошово востание
Цели на часот:
- Да знае за причините и текот на Карпошовото востание
- Да ги осознае причините за неуспехот на востанието и неговите последици
- Да го сфати значењето на ликот на Карпош
Погледнете го видеото за Карпошовото востание на следниов линк:
Домашна задача бр.1:
Домашна задача бр.2:
- Да се соберат историски податоци за Карпош
- Да се залепат слики во историскиот албум од Карпош и Карпошовото востание
Историја 7 одд. Востанието на Скендер-бег
Востанието на Скендер-бег
Цели на часот:
- Да знае за животот и делото на Скендер-бег пред враќањето во Албанија
- Да знае за враќањето на Скендер-бег во Круја и за општото ослободително востание во 1443 година
- Да знае за соборот во Лежа и создавањето на Албанската лига (02.03.1444)
Потеклото на Кастриотите - младоста на Ѓерѓ Кастриот
- Семејството на Кастриотите по потекло било од Хас
- Дедото на Скендер-бег Пал Кастриот побегнал од Хас и станал господар на две села во долината на Црн Дрим (Сињ и Долни Град)
- Ѓон (Иван) Кастриот имотите на семејството ги проширил до Јадранско Море. На север неговите имоти се граничеле со феудалните поседи на Дукаѓините, а на југ со Аријанитите и Топијците
- Кнежевството на Ѓерѓ Кастриот воспоставило политички врски со други албански кнежевства и со други земји
- Дубровничката и Венецијанската Република во триесетите години на XV век на Ѓон,
таткото на Ѓерѓ, му дале привилегии за неговите синови и право на државјанство
- Ѓон Кастриот и неговата жена Воислава имале четири синови и пет ќерки. Ѓерѓ бил
претпоследно дете и се родил 1405 г.
- По освојувањето на Кроја 1414-1415 г. Османлиите го принудиле Ѓон Кастриот да им го даде
Ѓерѓ како заложник.
- Ѓерѓ десет години учел Ич-огланово училиште кај Едрене. Тој се разликувал од другите деца, бил остроумен и научил неколку јазици. Таму го добил името Скендер, а за покажаните резултати добил титула бег (беј)
Скендер-бег
Востанието од 1443 година
- На 3-ти ноември 1443 г. кај Ниш Османлиите биле поразени од унгарските војски на чело со Јан Хуњади, а Скендербег ги напуштил Османлиите
- На 28-ми ноември го ослободил градот Кроја, а подоцна ги освоил тврдините Петрела и Стелуш
Лешанско собрание и создавањето на Албанската лига
- На 2-ри март 1444 г. во црквата Св.Никола крај Леш се одржала првата средба на албанските кнезови
- На собранието учествувале Скендер-бег, Ѓерѓ Аријанит, Андреја Топија со синовите, Ѓерѓ
Стрез, Балша, Никола и Пал Дукаѓини
- На собранието била усвоена декларација за здружување во сојуз меѓу владетелите од земјата
позната како Лешанска албанска лига
- Водач на Лигата бил Скендер-бег
Домашна задача: Да се направи истражување за потеклото на Скендер-бег и да се испрати на kate.avramoska@live.com
Потеклото на Кастриотите - младоста на Ѓерѓ Кастриот
- Семејството на Кастриотите по потекло било од Хас
- Дедото на Скендер-бег Пал Кастриот побегнал од Хас и станал господар на две села во долината на Црн Дрим (Сињ и Долни Град)
- Ѓон (Иван) Кастриот имотите на семејството ги проширил до Јадранско Море. На север неговите имоти се граничеле со феудалните поседи на Дукаѓините, а на југ со Аријанитите и Топијците
- Кнежевството на Ѓерѓ Кастриот воспоставило политички врски со други албански кнежевства и со други земји
- Дубровничката и Венецијанската Република во триесетите години на XV век на Ѓон,
таткото на Ѓерѓ, му дале привилегии за неговите синови и право на државјанство
- Ѓон Кастриот и неговата жена Воислава имале четири синови и пет ќерки. Ѓерѓ бил
претпоследно дете и се родил 1405 г.
- По освојувањето на Кроја 1414-1415 г. Османлиите го принудиле Ѓон Кастриот да им го даде
Ѓерѓ како заложник.
- Ѓерѓ десет години учел Ич-огланово училиште кај Едрене. Тој се разликувал од другите деца, бил остроумен и научил неколку јазици. Таму го добил името Скендер, а за покажаните резултати добил титула бег (беј)
Скендер-бег
Востанието од 1443 година
- На 3-ти ноември 1443 г. кај Ниш Османлиите биле поразени од унгарските војски на чело со Јан Хуњади, а Скендербег ги напуштил Османлиите
- На 28-ми ноември го ослободил градот Кроја, а подоцна ги освоил тврдините Петрела и Стелуш
Лешанско собрание и создавањето на Албанската лига
- На 2-ри март 1444 г. во црквата Св.Никола крај Леш се одржала првата средба на албанските кнезови
- На собранието учествувале Скендер-бег, Ѓерѓ Аријанит, Андреја Топија со синовите, Ѓерѓ
Стрез, Балша, Никола и Пал Дукаѓини
- На собранието била усвоена декларација за здружување во сојуз меѓу владетелите од земјата
позната како Лешанска албанска лига
- Водач на Лигата бил Скендер-бег
Домашна задача: Да се направи истражување за потеклото на Скендер-бег и да се испрати на kate.avramoska@live.com
Saturday, May 30, 2020
Историја 8 одд. Афирмација на националната мисла за создавање на македонската држава
Афирмација на националната мисла за создавање на македонската држава
Цели на часот:
- Да знаат за засилениот процес на афирмација на македонската национална свест
- Да знаат за најважните творци и творби на Македонците со кои се афирмирал македонскиот јазик и култура
Развојот на македонската национална мисла и борбата за македонска држава
-Борбата за македонската национална посебност и независна македонска држава имала значаен развој во втората половина на XIX и почетокот на XX век. Овој процес го сочинувале две
компоненти:
- афирмација на македонската национална посебност
- борбата за независна македонска држава
- Македонската национална посебност била афирмирана со настојувањата за признавање на македонскиот јазик, култура и историја и барање за обнова на Охридската архиепископија
како македонска црква
- Македонските интелектуалци биле предводници на процесот на национално будење и осознавање на македонскиот народ. Остварување на овие цели било полесно преку
културно-просветна активност и преку востание (наидувале на пречки кај османлиската власт и соседните балкански држави)
Националната мисла на Крсте Петков Мисирков (1874-1926)
- К.П. Мисирков се залагал за признавање на посебноста на македонскиот народ, за кодификација на македонскиот јазик и правопис и за обнова на Охридската архиепископија како македонска црква.
- Највисок дострел во научната дејност на Мисирков претставува книгата „За македонцките работи „објавена кон крајот на 1903 г. во Софија. Книгата е објавена на македонски јазик со посебен правопис - врз научна основа се докажува посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик. Книгата била запленета од бугарските власти.
Крсте Петков Мисирков
За Македонцките работи - факсимил
Националната дејност на Димитрија Чуповски (1878 - 1940)
- Д. Чуповски бил основач и претседател на Македонското научно литературно другарство во
Санкт Петербург (1902 - 1912)
- Димитрија Чуповски објавил карта на Македонија во нејзините природни и етнички граници
- Испратил „Меморандум за независноста на Македонија„ до Лондонската мировна конференција, до големите сили и до владите на балканските држави
- Било издавано списанието „Македонски глас„
- Д. Чуповски починал во Русија
- 1990 г. неговите мошти биле пренесени во Скопје
Домашна задача: Да се направи истражување за научната дејност на Крсте Петков Мисирков и значењето на неговата книга „За македонцките работи„
Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live. com
Историја 8 одд. Македонија во Балканските војни
Македонија во Балканските војни
Цели на часот:
- Да знаат за учеството на Македонците во Балканските војни
- Да ја согледаат окупацијата и поделбата на Македонија и соперништвото помеѓу балканските
држави
- Да знаат за Букурешкиот договор и неговите последици за Македонија и Македонскиот народ
Завојувачката политика на балканските земји кон Македонија
- Балканските држави Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора во 1912 г. го формирале Балканскиот сојуз
- Целта на Сојузот била протерување на Османлиите од Балканот и поделба на нејзините територии на Балканот
Поделба на Македонија во балканските војни
- Во Првата балканска војна (1912) на територијата на Македонија против османлиските сили војувале српската, грчката и бугарската војска
- Османлиските војски биле поразени и принудени на повлекување
- Македонија била окупирана и поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија
- Балканските земји не биле задоволни од поделбата
- Втора балканска војна (1913)
- Србија и Грција склучиле таен договор против Бугарија
- Кон крајот на јуни 1913г. бугарската војска ги нападнала српските и грчките војски, но била поразена
-Најголемиот дел од Македонија го зазела Грција (Егејскиот дел на Македонија)
-На Србија и припаднала територијата на денешна Македонија (Вардарскиот дел на Македонија) без Струмица и околината,
останатиот (најмалиот) дел и припаднал на Бугарија (Пиринскиот дел на Македонија). Оваа поделба била потврдена со Букурешкиот мировен договор (10 август 1913)
Македонија по Првата балканска војна
Учеството на Македонците во балканските војни
- Првата балканска војна била прифатена од македонскиот народ како надеж за ослободување од османлиската власт (никој не помислил дека дека тоа е војна за поделба на Македонија)
- Македонците учествувале на страната на Балканскиот сојуз - организирани во
Македонско-одринско ополчение (доброволци)
- Особено активна била четата на Јане Сандански, кој влегол во Мелник пред доаѓањето на бугарската војска, а потоа и во Солун
- Војводата Петар Чаулев пред српската војска влегол во Охрид
Барања за независна Македонија
- Во ноември 1912 г. во Велес била одржана семакедонска конференција на иницијатива на
Димитрија Чуповски - се разговарало за преземање на заедничка акција пред меѓународните сили за воспоставување на самостојна и независна Македонија (овие планови биле попречени од српските и бугарските сили и затоа Д. Чуповски се вратил во Русија)
- Чуповски испратил Меморандум до големите сили и до Лондонската мировна конференција
со него се бара воспоставување на самостојна и независна македонска држава во нејзините природни и географски граници. Овие идеи били пласирани преку весникот Македонски глас
Последици од балканските војни
- Над Македонија била воспоставена тројна власт. Таа била поделена помеѓу Србија, Бугарија
и Грција, а еден мал дел бил приспоен кон новосоздадената албанска држава
- Многу градови и села биле целосно опустошени
- Населението било принудено на преселување
Домашна задача: Да се направи истражување за Букурешкиот мировен договор (август 1913)
Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
Историја 9 одд. Иселеништвото од Македонија во светот по Втората светска војна
Иселеништвото од Македонија во светот по Втората светска војна
Цели на часот:
- Да знаат за причините за миграциите на населението од Македонија
- Да знаат за најголемите миграциони центри на македонските граѓани и за начинот на живот и прилагодување на новата средина
- Да знаат за врските на иселениците со татковината
Причини за иселувањето од Македонија во светот
-Иселувањето од Македонија по Втората светска војна било од политички и економски причини
- Од политички причини најзначајно влијание имале:
Граѓанската војна војна во Грција (1946-1949) и Резолуцијата на Информбирото
- Економските причини - изразени низ желбата за подобар живот
-Во периодот од 1965 до 1970 г. од СР Македонија се иселиле околу 22 илјади Македонци посебно од Битолскиот крај
- По Втората светска војна најмногу Македонци се иселиле во Австралија
- Денеска голем број Македонци живеат и работат во САД, Канада, Австралија, како и во многу европски земји
Културно-просветно и национално политичко организирање
- Денес во светот постојат околу 600 иселенички друштва и други асоцијации
-Најбројна е организираноста во Викторија и Нов Јужен Велс во Австралија
Улогата на Македонската православна црква
- Во прекуокеанските земји црковниот живот е организиран во две епархии: Американско-Канадска и Австралиска епархија со вкупно 34 црковни општини, два манастира и
модерни црковни згради за духовна и културно- просветна активност
Македонска православна црква во Торонто
Органската поврзаност на македонското иселеништво во светот со татковината
- Македонските иселеници се во постојани врски со татковината особено преку
Матицата на иселеници од Македонија, која го издава месечното списание Македонија.
Нивниот интерес за животот и развојот на татковината се дел од деценискиот интерес за
опстојување и активност како македонска етничка заедница, Тој взаемен интерес за запознавање произлегува од нашата органска национална, историска и духовна поврзаност.
Македонските иселеници се подготвени за секаква соработка со Македонија.
Домашна задача : Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 155.
- Да се истражува за Македонците во дијаспората и нивното значење за афирмирање на македонскиот јазик и македонското име.
Домашната задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
Friday, May 29, 2020
Историја 9 одд. Положбата на Македонците во соседните држави
Положбата на Македонците во соседните држави
Цели на часот:
- Да знаат за положбата на Македонците во Пиринска Македонија и за односот на бугарските власти кон нивните национални права и посебност
- Да знаат за положбата на Македонците во Егејска Македонија и за односот на грчката
политика кон признавањето на нивната национална посебност
- Да знаат за положбата на Македонците во Албанија
- Да ги споредуваат правата на Македонците во соседните држави во однос на правата на етничките заедници и во РМ
Македонците во Пиринска Македонија
- Со признавањето на македонската нација во Пиринскиот дел на Македонија почнал таканаречениот период на културна автономија, период кога се афирмирале македонските национални и културно-јазични вредности
- Во 1947 г. македонскиот јазик бил воведен во наставниот процес
- По 1958 г. бугарската држава ја сменила својата политика во однос на македонското национално прашање
- Македонското име и македонскиот јазик биле забранети, а Македонците биле сметани за Бугари
- Македонците што давале отпор на новата бугарска политика на денационализација и асимилација биле испраќани во затвори
- Демократските процеси во Бугарија по 1990 г. со ништо не ја смениле бугарската политика
во однос на македонското прашање
- Македонското име и македонскиот јазик останале непризнати
Македонците во Егејска Македонија
- По Втората светска војна (по договорот во Варкиза) македонското име и македонскиот јазик биле забранети во Егејска Македонија и сите национално - културни придобивки што ги постигнал македонскиот народ во текот на НОВ биле укинати
- Во 1944 г. се формирала Привремена политичка комисија на Македонците во Грција, а покасно се формирал Народноослободителен фронт на Македонците од Егејска Македонија
- 1945 г. се формирале првите македонски вооружени трупи со цел да го заштитат македонското население од теророт на грчките национални сили
- Судирот меѓу левите и десните политички сили во Грција прераснал во Граѓанска војна
(1946-1949)
- Учеството на Македонците во војната на страна на ДАГ (Демократска армија на Грција)
ја принудило КПГ да ги озакони националните права на Македонците
-По поразот на ДАГ во 1949 г. македонското име и македонскиот јазик повторно биле забранети
- На Македонците кои заминале во источноевропските земји им се одзело државјанството,
им се забранило враќање во земјата и не им се признало правото на имот
Делот на Македонија под Албанија по Втората светска војна
- По 1944 г. со признавањето на македонската нација албанската држава го признала и постоењето на македонскиот јазик
- Биле отворени македонски училишта во реоните на Голо Брдо, Долна Преспа, Пустец
-Признавањето на НР Албанија во 1967 г. за прва атеистичка држава предизвикало последици и врз Македонците и бил забрзан процесот на на денационализација и асимилација на неалбанското население
- Во периодот на режимот на Енвер Хоџа Македонците биле принудени да ги албанизираат
своите имиња и презимиња, а македонската топонимија постепено почнала да исчезнува.
Домашна задача: Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 152
- Да се направи истражување за владеењето на Енвер Хоџа во Албанија
Изработените задолженија да се испратат на kate.avramoska@live.com
Subscribe to:
Posts (Atom)
Powered by Blogger.
Информатика71-Кошарка-Симона Велеска
Кошарка Кошарка — екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош , ...