Компјутерски мрежи
Веднаш по појава на првите компјутери се размислувало за комуникација помеѓу компјутерите, односно за размена на податоци без користење на надворешни мемории, туку со директна врска (on line). За оваа цел компјутерите се поврзуваат во компјутерски мрежи. Компјутерска мрежа претставува збир од два или повеќе компјутери кои се поврзани преку комуникациски медиум и кои меѓусебно можат да комуницираат и да делат ресурси. Мрежите се користат за пренос како на дигитални така и на аналогни податоци кои мора да бидат прилагодени кон соодветни системи за пренос. Податоците можат да се пренесуваат во реално време (говор, видео и сл.) или во одложено време (електронска пошта, пренос на датотеки и сл.)
Компјутерите се поврзуваат во компјутерски мрежи со цел на:
- заедничко користење на софтверски (апликации, игри и сл.) и на хардверски ресурси (дискови, печатачи, скенери и други уреди),
- заедничко користење на датотеки (документи, слики, музика итн.),
- размена на податоци и комуникација помеѓу корисниците,
- заедничка работа на корисниците на некои проекти.
Видови на компјутерски мрежи
Поделба според големината и распространетост Според големината и функцијата која ја
имаат, компјутерските мрежи се поделени во три основни групи:
• локални мрежи LAN (Local Area Networks)
• регионални (градски) мрежи MAN (Metropolitan Area Networks)
• глобални мрежи WAN (Wide-Area Networks).
Локални мрежи -LAN (Local Area Networks)
Локална компјутерска мрежа претставува основа на секоја мрежа. Оваа мрежа е просторно ограничена – поврзаните компјутери се наоѓаат на релативно мал простор, како што е зграда или комплекс од згради. Во локалните мрежи секој компјутер има можност да пристапи до податоци и уреди на некој друг компјутер во мрежата. На овој начин повеќе компјутери можат да користат скапа опрема како што се ласерски печатачи или плотери, како и самите податоци. Корисникот на еден компјутер одлучува кои ресурси ќе се делат во мрежата.
Како преносни медиуми кај локалните мрежи се користат кабли или безжична врска кога се работи за безжична локална мрежа WLAN (Wireless Local Area Network).
Безжични локални мрежи имаат помала брзина на пренос на податоци но обезбедуваат поголема мобилност на корисниците.
Регионални (градски) мрежи MAN (Metropolitan Area Networks)
Во регионални компјутерски мрежи се поврзуваат компјутери кои се наоѓаат на територија на еден град или регион. Како преносен медиум се користи некој од расположиви видови на јавен пренос (телефонски линии, сателитски врски и оптички врски).
Глобални мрежи WAN (Wide-Area Networks)
Во глобална компјутерска мрежа се поврзуваат компјутерите од целиот свет. Оваа мрежа, всушност, претставува мрежа од повеќе локални и регионални мрежи и овозможува комуникација помеѓу мрежи кои не се на ист географски простор. Интернетот е најдобриот пример за овој вид на мрежи иако за него повеќе се користи терминот глобална мрежа. Глобалната мрежа ги поврзува сите мрежи во една целина која овозможува користење на податоци и ресурси низ целата планета.
Поделба според начинот на поврзување
Во повеќето мрежи се користат кабли за поврзување на уредите, притоа тие можат да бидат поврзани со единствен кабел кој ги поврзува сите уреди или пак каблите да го поврзуваат секој уред со централна локација. Каблите се направени од бакарни жици, а се користат и други видови на медиуми како што се стакло или пластика.
Набрзо по појавувањето на преносните сметачи (notebook или како вие ги знаете- лаптопи), повеќето корисници имале потреба од безжично поврзување кон Интернет или локалните мрежи. Сметачите се опремуваат со радио примопредаватели со краток досег. За безжичен пренос се користат радиобранови и микробранов пренос(router кој исто така го знаеме под името рутер).
Според начинот на поврзување, компјутерските мрежи се делат на:
• жичани компјутерски мрежи и
• безжични компјутерски мрежи
Вмрежување на персоналните компјутери
Персоналните компјутери (десктоп и преносни) можат да работат самостојно или во мрежа поврзани со други компјутери. Компјутерот кој работи самостојно мора на својот диск да ги има инсталирано сите апликации потребни на корисникот. Исто така сите податоци треба да бидат зачувани на дискот или на некоја друга надворешна меморија. Доколку има потреба од користење на дополнителни перифериски единици, како што се печатач, скенер, звучник и други, тие мора да бидат поврзани на самиот компјутер. Компјутерот кој е поврзан во мрежа се нарекува работна станица. Кога се работи со вмрежен компјутер, можат да се разменуваат податоци и информации со други компјутери во вид на пораки и датотеки, или може да се делат перифериски единици и да се користат мрежни апликации. Периферни уреди и додатна опрема во мрежа Мрежите, особено домашните, можат да бидат многу пософистицирани бидејќи постојат многу други додатни и периферни уреди кои можат да се приклучат во мрежа. На сликата подоле е даден пример на една добро опремена домашна мрежа.
Во оваа мрежа централното место го зазема безжичен рутер кој го поврзува десктоп компјутерот со серверот намрежата.Освен компјутерот, во мрежата се поврзани и лаптоп, печатач,таблет, смартфон, читач на книги и опрема за следење на ТВ и музички програми преку Интернет. Поврзувањето главно е безжично, но се користат и кабли за поврзување на десктоп компјутер со рутер, со печатач и со сервер. Рутерот сите единици ги поврзува една со друга и со Интернет.
Резиме
- Компјутерска мрежа претставува збир од два или повеќе компјутери кои се поврзани преку комуникациски медиуми кои меѓусебно можат да комуницираат и да делат ресурси.
- Според големина и функција која ја имаат компјутерските мрежи се поделени во две основни групи: локална мрежа LAN и мрежа на широко подрачје WAN.
- Персоналните компјутери можат да работат самостојно или во мрежа поврзани со други компјутери.
- Компјутер кој е поврзан во мрежа се нарекува работна станица.
- Во мрежите, особено домашните, постојат многу други периферни единици кои можат да се приклучат во мрежа.
Прашања за домашна работа:
Што е компјутерска мрежа? Колку најмалку компјутери ја сочинуваат мрежата?
Кои се придобивките од поврзување на компјутерите во мрежа?
Што е LAN, а што WAN?
Што е работна станица?Освен компјутерите, кои други додатни и периферни уреди можат да бидат поврзани во мрежа?
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments