Подем и криза на социјализмот
Цели на часот :
- Учениците да знаат воспоставување на советскиот модел на социјализмот во источно-европските земји и за сталинизацијата на општествено-економските и политичките системи на источно-европските земји
-Да го сфатат процесот на десталинизација и распадот на социјализмот
Политичко - економски прилики
- Воспоставување на социјалистичкото уредување во Источна Европа и Балканот наспроти капиталистичкиотсистем во повеќе земји во светот
- Во социјалистичките земји власта поминала во рацете на комунистичките партии кои воведоа систем на диктатура на пролетеријатот -еднопартиски систем
-Се укинала приватната сопственост и пазарната економија - се вовела општествена сопственост и планска економија , а марксизмот станал државна идеологија
- Во Југославија, по судирот со СССР од 1948 г. се прифатила сопствена политика за економски развој - самоуправување
Криза на социјалистичкиот систем
-Брзата индустријализација,присилната колективизација, високата акумулација за проширена репродукција и увоз на странски капитал придонеле социјалистичките земји од Балканот да влезат во длабока економска и политичка криза
- Опаѓање на животниот стандард и недостиг на прехрамбени продукти
-Југославија почнала да отстапува од догматскиот социјализам и општеството и почнала да се демократизира
- Во рамките на самоуправен политички систем во економијата се воведуваат елементи на пазарната економија
-Почеток на процесот на приватизација
-Процесот на преминување од еден општествено политички систем во друг е познат како период на транзиција
Распаѓање на Југославија
- Судирот помеѓу српскиот хегемонизам и тенденциите за национално политичка еманципација на несрпските народи основна причина за распадот на Југославија
-1991 г. Словенија ја прокламира својата независност, а истата година и Хрватска станала независна држава
-1992г. Босна и Херцеговина станала независна држава,а по граѓанската војна и Дејтонската спогодба 1995г. независноста била и меѓународно призната
Дејтонска спогодба
-На 8.09.1991 г. по успешен референдум и Македонија ја прокламираше својата независност
Се формира независна држава Република Македонија
Србија и Црна Гора ја формирале т.н. Трета Југославија
Надворешна политика
-Вклучување на балканските држави во европските интеграциони процеси
За домашна работа : Да се одговорат прашањата на страна 126 од учебникот и да се направи
истражување за распадот на СФРЈ.
Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
May 12, 2020
Tags :
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments