Македонија во Балканските војни
Цели на часот:
- Да знаат за учеството на Македонците во Балканските војни
- Да ја согледаат окупацијата и поделбата на Македонија и соперништвото помеѓу балканските
држави
- Да знаат за Букурешкиот договор и неговите последици за Македонија и Македонскиот народ
Завојувачката политика на балканските земји кон Македонија
- Балканските држави Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора во 1912 г. го формирале Балканскиот сојуз
- Целта на Сојузот била протерување на Османлиите од Балканот и поделба на нејзините територии на Балканот
Поделба на Македонија во балканските војни
- Во Првата балканска војна (1912) на територијата на Македонија против османлиските сили војувале српската, грчката и бугарската војска
- Османлиските војски биле поразени и принудени на повлекување
- Македонија била окупирана и поделена помеѓу Србија, Грција и Бугарија
- Балканските земји не биле задоволни од поделбата
- Втора балканска војна (1913)
- Србија и Грција склучиле таен договор против Бугарија
- Кон крајот на јуни 1913г. бугарската војска ги нападнала српските и грчките војски, но била поразена
-Најголемиот дел од Македонија го зазела Грција (Егејскиот дел на Македонија)
-На Србија и припаднала територијата на денешна Македонија (Вардарскиот дел на Македонија) без Струмица и околината,
останатиот (најмалиот) дел и припаднал на Бугарија (Пиринскиот дел на Македонија). Оваа поделба била потврдена со Букурешкиот мировен договор (10 август 1913)
Македонија по Првата балканска војна
Учеството на Македонците во балканските војни
- Првата балканска војна била прифатена од македонскиот народ како надеж за ослободување од османлиската власт (никој не помислил дека дека тоа е војна за поделба на Македонија)
- Македонците учествувале на страната на Балканскиот сојуз - организирани во
Македонско-одринско ополчение (доброволци)
- Особено активна била четата на Јане Сандански, кој влегол во Мелник пред доаѓањето на бугарската војска, а потоа и во Солун
- Војводата Петар Чаулев пред српската војска влегол во Охрид
Барања за независна Македонија
- Во ноември 1912 г. во Велес била одржана семакедонска конференција на иницијатива на
Димитрија Чуповски - се разговарало за преземање на заедничка акција пред меѓународните сили за воспоставување на самостојна и независна Македонија (овие планови биле попречени од српските и бугарските сили и затоа Д. Чуповски се вратил во Русија)
- Чуповски испратил Меморандум до големите сили и до Лондонската мировна конференција
со него се бара воспоставување на самостојна и независна македонска држава во нејзините природни и географски граници. Овие идеи били пласирани преку весникот Македонски глас
Последици од балканските војни
- Над Македонија била воспоставена тројна власт. Таа била поделена помеѓу Србија, Бугарија
и Грција, а еден мал дел бил приспоен кон новосоздадената албанска држава
- Многу градови и села биле целосно опустошени
- Населението било принудено на преселување
Домашна задача: Да се направи истражување за Букурешкиот мировен договор (август 1913)
Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live.com
May 30, 2020
Tags :
Историја 7 одд
,
Историја 8 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments