Thursday, May 28, 2020

thumbnail

Историја 8 одд. Положбата на Македонија по востанието

Положбата на Македонија по востанието

Цели на часот:
- Да знаат за задушувањето и последиците од Илинденското востание
- Да знаат за односот на големите сили кон положбата во Македонија
- Да го воочат делувањето на туѓите вооружени пропаганди во Македонија

Последици од востанието

- Бројот на загинати ја надминал бројката од 5000 души, а 15000 други биле затворени
- Над 250 населени места биле опожарени и околу 70000 луѓе останале без покрив над 
 глава и поради тоа морале да заминат во соседните држави, во Европа и Америка

Мирцштегските реформи

- Октомври 1903 г. императорите на Русија и Австро-Унгарија се сретнале во гратчето Мирцштег. Затоа  донесените реформи биле наречени Мирцштегски реформи
- Реформите предвидувале промени во османлиската жандармерија, администрација, судството, финансиите
- Реформите требало да се спроведуваат под контрола на претставници од европските земји
(Османлиската империја била должна да обезбеди финансиска поддршка)
- Македонскиот народ не почувствувал подобрување на својата положба 
  
Положбата во Организацијата по Илинденското востание

-Полемика за идната поставеност на Организацијата:
- Демократизација и децентрализација на Организацијата 
-Задржување на дотогашниот централистички систем

Рилски конгрес

-Октомври 1905 г. бил одржан општ конгрес на Организацијата во Рилскиот манастир
-Конгресот усвоил нов Устав и Правилник
- ТМОРО била преименувана во ВМОРО - Внатрешна македонско-одринска револуционерна 
организација
- За децентрализација и демократизација на Организацијата се залагале Ѓорче Петров, Пере 
Тошев, Јане Сандански 
- Бил избран нов ЦК (Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов)
-За задгранични претставници биле избрани Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов и Димитар
Стефанов 
- Редактор на весникот „Револуционерен лист„ бил Димо Хаџи Димов
- Конгресот ги осудил странските пропаганди и дејноста на Врховниот комитет


                                                                  Рилски манастир
                                               
Вооружените пропаганди во Македонија

- Засилување на српската, грчката и бугарската пропаганда - добиле вооружен карактер
- Пропагандите извршиле поделба и омраза меѓу населението во Македонија
- Пропагандите биле нов непријател на Организацијата

Домашна задача: Да се направи осврт на текот и одлуките на Рилскиот конгрес
- Да се направи истражување за улогата на Јане Сандански на Рилскиот конгрес
   
Изработената задача да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.