Tuesday, June 2, 2020

thumbnail

Историја 7 одд. Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век

Животот и културата во Македонија од XV до XVIII век

Цели на часот: 
- Да знае за развојот и специфичностите на просветата, културата и уметноста во 
Македонија
- Да го сфати значењето на христијанската црква во Македонија во ширењето на просветата и културата
- Да знае за појавата и развојот на исламската култура во Македонија
- Да ги сфати обичаите и начинот на живот на обичниот човек

Писменост и литература

- Поважни книжевни центри во манастирите биле: Кратовскиот, Лесновскиот, Трескавечкиот и Слепченскиот книжевен центар 
- Во книжевните центри се негувал словенскиот јазик, со македонски народни обележја 
- Се пишувале ракописи со црковна содржина
- Манастирите биле центри на просветата и на црковните училишта - учители биле поповите и калуѓерите
- Во градовите имаало световни училишта
- Појава на печатарството
-Јаков од Камена Река (Каменица) во Венеција во XVI век го отпечатил делото „Часослов„
Христофор Жефарович од Дојран во 1741 г. во Виена го отпечатил делото „Стематографија„
-  Во исламските верски објекти најмногу се препишувал Коранот. Учители биле оџите

Архитектура

- Во Македонија се обновувале многу цркви и манастири
- Градовите биле опкружени со тврдини, а постепено се развивала градската архитектура
- Во градовите се граделе џамии и турбиња, амами (јавни бањи) за одржување на хигиената, чешми, анови за престој на трговците во градовите
- Во градовите имало и покриени пазaри - безистени, големи куќи - сараи на најбогатите 
граѓани



                                                              Св. Јован Бигорски


                                                             Шарена џамија - Тетово


Уметност

- Во манастирите се сликале фрески и икони
- Развиено копаничарство (резба во дрво)

Домашна работа: Во историскиот албум да се залепат слики од верски објекти 

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.