Thursday, March 26, 2020

thumbnail

Македонски јазик 5одд. Обработка на бајката „Малата самовила“ стр.130 (одд. наставник Марија Лулкоска)


Обработка на бајката 

„Малата самовила“ стр.130



Да се потсетиме првин што е бајка.
Бајка или сказна — тип на кратка приказна која обично содржи фолклорни измислени карактери, како што се самовили, гоблини, тролови, џуџиња, џинови, сирени или гномови, и најчесто магии. Приказните може да се разликуваат според фолклорното раскажување, како што се легендите (кои генерално вклучуваат верба во опишаните настани) и експлицитни морални приказни, вклучувајќи басни за ѕверови. Во помалку технички контекст, терминот се користи и за опишување на нешто обвиено во невообичаена среќа и радост, како „крај на некоја бајка“ (среќен крај)[1] или „романтична бајка“ (макар што сите бајки не завршуваат среќно). 
  • Прочитај ја бајката по делови. Прво прочитај го првиот дел, застани и предвиди го текот на дејствието. 
  • Кај секоја пауза има во рамка по неколку прашања. Обиди се да одговориш на тие прашања пред да продолжиш со следниот дел. 
  • Откако ќе ја прочиташ бајката дел по дел, одговориш на прашањата кои се наоѓаат кај паузите во текстот, напиши краток план за неа.
  • За домашна работа: убаво научи го текстот бидејќи утре за задача ќе имате да ја прераскажете во училишната тетратка. Одговорете на прашањата на стр 132- Да разговараме.

  • За следниот ден, ќе треба :
    Писмено да ја прераскажете бајката „Малата самовила“ 
  • Внимавајте на редоследот на настаните во бајката
  • Внимавајте на ракописот
  • Правилно оформете реченици и внимавајте да користите интерпункциски знаци на соодветните места. 
  • Внимавајте на правописот 

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.