Дифузијата е важна за растенијата
1.Дифузија на гасови
-Во процесот на фотосинтеза кај растенијата од
огромна важност е размената на гасови (јаглерод диоксид и кислород) кои преку
пат на дифузија се движат од надворешната
средина во листот и обратно.Размената се врши преку стомите на долната
страна на листот.
2.Внатрешна градба на листот
3.Брауново движење
-Со помош на корпускуларната теорија може да се објасни процесот на дифузија.Честичките се движат непрекинато и постојано се судираат меѓусебно, правејќи хаотични движења.
-Роберт Браун е шкотски биолог, кој за првпат
го набљудувал под микроскоп хаотичното движење на поленовите зрна во капка
вода. Во негова чест ова движење се вика Брауново движење.
Задача 1: Прецртај во тетратка и пополни го следниот дијаграм.
Домашна работа:
Да се прочита наставната содржина на стр. 56 и 57 и истата да се научи.
Да се реши задачата бр 1.
Да се одговорат следните прашања:
- На кој начин се објаснува процесот на движење на честичките во природата?
- На кој начин научникот Роберт Браун го докажал придвижувањето на поленовите зрна?
- Какви се откритијата на начникот Роберт Браун?
March 25, 2020
Tags :
Биологија 7 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email



No Comments