Задачи за примена на систем
линеарни равенки со две непознати (ПРОБЛЕМИ)
1. Кои два броја имаат збир
37, а разлика 7?
2. Збирот на два броја е 48, а
нивниот количник е 5. Кои се тие броеви?
3. Збирот од еден број и
трикратната вредност на друг број е 112. Ако вториот број се подели со првиот
се добива количник 2 и остаток 7. Кои се тие броеви?
4. Ако еден двоцифрен број се
подели со збирот на своите цифри се добива количник 6 и остаток 6, ако бројот
напишан со исти цифри, но во обратен ред се подели со разликата на тие цифри се
добива количник 23. Кој е тој број?
Помош: Количник q на два броја х и y со остаток r, се запишува x:y=q и ост. r или во равенство x=qy+r
Помош: Количник q на два броја х и y со остаток r, се запишува x:y=q и ост. r или во равенство x=qy+r
5. Периметарот на рамнокрак
триаголник е 36 cm, а разликата од основата и половината на кракот е 11 cm.
Пресметај ја плоштината на триаголникот.
6. Средната линија на трапесот
е 20 cm. Пресметај ги основите ако нивниот однос е 3:7.
7. Една работа двајца
работници можат да ја завршат за 24 часа. После 10 часа заедничко работење едниот работник се
разболел, а другиот преостанатиот дел од работата го завршил за 35 часа. За колку
часа би ја завршил работата секој работник сам?
8. Ако се измеша извесна
количина вода и извесна количина ракија од 70% ќе се добие 24 литри ракија од 56%. Колку
литри вода, а колку литри ракија ќе треба да се измешаат?
9. Ако брзината на еден воз се
зголеми за 30km/h тој ќе стигне 2 часа порано од планираното време. Ако брзината се намали
за 20km/h тогаш ќе задоцни 3 часа. Колкава е брзината на возот и колку пат треба да
помине?
10. Во еден двор има јагниња и
кокошки. Вкупно има 25 глави и 64 нозе. Колку јагниња и колку кокошки има во дворот?
IX1 и IX3 ги решаваат задачите 1,3,5,7и 9
IX2 и IX4 ги решаваат задачите 2,4,6,8 и 10
IX1 и IX3 ги решаваат задачите 1,3,5,7и 9
IX2 и IX4 ги решаваат задачите 2,4,6,8 и 10
| Дополнителна помош во врска со начинот на решавање текстуални задачи и помош околу одредени видови задачи може да разгледате на следниот линк , на страна 148,149,150,151 | |
March 24, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments