Monday, March 23, 2020

thumbnail

Хемија Употреба на индикатори

Употреба на индикатори
Кога киселина се раствора во вода, се добива кисел раствор, а кога некоја база се раствора во вода се добива базен раствор. Доколку некој раствор не ниту кисел  ниту базен станува збор за неутрален раствор. Чистата вода е неутрална. Со растворање на готварска сол ( натриум хлорид) во вода се добива неутрален раствор. Растворот од шеќер исто така е неутрален.

Некои супстанци менуваат боја во раствори на киселини и на бази. Овие супстанци се нарекуваат индикатори. Индикаторите ги користиме како брз начин да определиме дали растворот е кисел или базен.

Лакмусот е еден од најчесто применуваните индикатори. Лакмусот е црвен кај киселини и син кај бази.

220px-Litmus_paper.JPG



Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.