Monday, March 30, 2020

thumbnail

Македонски за II одд. - Обработка на лектирата „Снежана“ - Јованка Новеска

  1. Некогаш одамна си живееле двајца браќа, Јакоб и Вилхелм Грим, кои објавиле книга со бајки заедно во 1812 година со која што станале познати. Јакоб (1785-1863) и Вилхелм грим (1786-1859) студирале право и биле водечки фигури во Романтичарското движење во Германија, но станале популарни благодарение на нивната книга „Children’s and Houshold Tales”.Во колекција на волшебни приказни како Црвенкапа, Јованче и Марија, Заспаната Убавица, Пепелашка и Трнорушка, некои од приказните имаат брутална содржина, доброто секогаш  го надвладува злото.Сепак, луѓето непрестано се запрашуваат дали овие бајки се за деца.

  2. Снежана била преубава принцеза, на која токму нејзината убавина и предизвикала големи непријатности.
  3. *Тема на оваа бајка, за која раскажуваат писателите - браќата Грим: 
  4. „Често зависта, лошотијата и грубоста му се спротивставуваат на добрината, но доброто секогаш победува. 
  5. *Идеја Волшебни и прекрасни се световите во кои се води постојана борба меѓу спротивностите. 
  6. Читајќи ја бајката, од неа  извлекуваме
  7. *Порака Доброто секогаш победува! Животот не е секогаш лесен и успешен, но сите ние мораме да се потрудиме, како Снежана,седумте џуџиња и принцот да го направиме поубав за другите ... и за себе..... 
На вашите родители (сестри или братчиња), ќе се потрудите да им ја прераскажете накратко лектирата (најбитните настани/случки), при што ќе внимавате настаните да ги прераскажувате по редослед како што се случиле.
Во вашите тетратки за почетно пишување, ќе прераскажете една случка, која најмногу ви остави впечаток. Притоа обрнете внимание на правилно и уредно пишување на ракописните букви (убав ракопис) и правилно пишување на зборовите (да не пропуштате букви). Прочитајте го напишаното на глас.(вежбате читање и се проверувате дали добро е напишано).
Потоа превземете го наставниот лист на следниот линк кој внимателно ќе го прочитате и ќе се потрудите успешно да одговорите на барањата во него:
Време - кога се случило дејството во приказната/бајката „Снежана“.
Место - каде се случува дејството во приказната/бајката „Снежана“.
Под секоја од дадените фотографии(ликовите во приказната), да напишете дали е главен лик или е спореден лик.
Надворешен опис на главниот лик: Во петте правоаголничиња, да напишете зборови кои го опишуваат надворешниот изглед на главниот лик (пример. боја на коса или очи, боја на облека и изглед и друго).


Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега).По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com
Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.

Ви посакувам успешна работа! 


Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.