Да се потсетиме од минатиот час - Лектирата „Снежана“ претставува бајка (приказна во која има измислени ликови, како џуџиња,вештерки...)
- Снежана била преубава принцеза, на која токму нејзината убавина и предизвикала големи непријатности.
- *Тема на оваа бајка, за која раскажуваат писателите - браќата Грим:
- „Често зависта, лошотијата и грубоста му се спротивставуваат на добрината, но доброто секогаш победува.
- *Порака Доброто секогаш победува! Животот не е секогаш лесен и успешен, но сите ние мораме да се потрудиме, како Снежана,седумте џуџиња и принцот да го направиме поубав за другите ... и за себе.....
- За дообработка на лектирата „Снежана“ ќе употребиме наставен лист со техника „Ѕвезда на приказната“. Наставниот лист на следниот линк, кој внимателно ќе го прочитате и ќе се потрудите успешно да одговорите на барањата во него.
- Наставниот лист може да го испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега). По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.comПотоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.*Дополнување: За утре подгответе неколку првоаприлски шеги и маски за маскирање :)Ви посакувам успешна работа!
March 31, 2020
Tags :
Македонски 2 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments