Синџири на исхрана-потрошувачи
Во синџирите на исхрана
потрошувачи се животните. Животните не можат сами да создаваат храна. Тие се
хранат со готова храна, односно ги консумираат растенијата и другите животни
исто како што ние ја консумираме храната. Според видот на храната што ја јадат
тие се делат на:
1 1. тревојади
(животни кои се хранат само со трева)
2 2. месојади
(животни кои се хранат само со месо)
3 3. сештојади
(животни кои се хранат и со трева и со месо)
Во еден
сиџир на исхрана постојат различни видови потрошувачи. Ова зависи од тоа колку растенија
и животни има во во синџирот.
· *примарен
потрошувач
· *секундарен
потрошувач
· *терциерен
потрошувач
· *квартерен
потрошувач
Еве еден едноставен синџир на исхрана:
Посложен синџир на исхрана:
Мрежи на исхрана
Животните како потрошувачи јадат
различна храна, па затоа тие можат да бидат дел од повеќе синџири на исхрана.
Така се формира една мрежеста поврзаност во исхраната на живите организми која
ја нарекуваме мрежа на исхрана. Мрежите на исхрана ни даваат повеќе информации за
односите во исхраната. Односите во исхраната се прикажуваат со стрелки.
Пр: орелот не јаде само змии, тој
може да јаде и птици, гуштери , глувци.
Заедно со наставната содржина ви праќам линк во кој ќе ја проследите лекцијата за произведувачи и потрошувачи.
Домашна работа:
Да се нацртаат два синџири на
исхрана при што во едниот да има три, а во другиот четири потрошувачи и една
мрежа на исхрана и истите да ги обележите со стрелки
April 01, 2020
Tags :
Природни 6 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email



No Comments