Заемни односи кај конкретни екосистеми
Во природата постои единство како меѓу живите организми и
нивните живеалишта, така и меѓу различните видови организми.
Науката која се занимава со проучување на односите на
растенијата и животните со околната средина, со која тие стапуваат во директни
или индиректни взаемни односи се вика Екологија.
Живата природа е организирана на различни нивоа и
поврзана преку различно воспоставени односи. Постојат неколку нивоа на еколошка
интеграција.
Единка е
претставник на одреден вид жив организам (растение или животно).
Популација е
група единки од ист вид кои живеат на ист простор.
Пример единка е еден зајак на ливада, а популација се
сите зајаци на таа ливада
единка
популација
Биотоп (живеалиште) претставува одреден просто во кој живеат животните или растенијата (на пример, кора на дрво, планина, морско дно, речен брег, пештера итн.).
биотоп
Биоценоза (животна заедница) е
заедница на различни популации што живеат на ист простор. На пример во една
езерска животна заедница може да се сретнат: алги, полжави, ракчиња и пастрмка.

биоценоза
Екосистем се сите живи организми (биоценози) и неживите услови (на
пример температурата и влажноста во еден
биотоп). Така на пример температурата (биотоп) влијае врз растот и развојот на
растенијата (биоценозата). Екосистемите можат да бидат со различна големина
(бара, шума, пустина, океан, езеро и др.)
Езерски екосистем
Домашна работа:
- Да се одговорат прашањата од работна тетратка на стр.31 и 32
- По ваш избор да направите по еден модел на екосистем
April 10, 2020
Tags :
Природни 6 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email


No Comments