Wednesday, April 1, 2020

thumbnail

Биологија 7 одд. - Пренос на вода и минерални материи кај растенијата

      Водата е еден од најзначајните фактор за постоењето на живите организми, бидејќи ниеден животен процес не може да се одвива без присуство на вода.
       Водата е основен составен дел на сите растителни организми и има големо значење за животот на растенијата. Таа е неопходна за одржување на структурата на клетките, ткивата и за целиот организам. Многу физиолошки процеси кај растенијата се непосредно поврзани со водата. Водата на растенијата им е потребна за извршување на многубројни функции:

  •  за произведување на храна преку процесот на фотосинтеза,
  • за пренесување на органски и неоргански соединенија низ растението,
  • за ладење на растението низ испарување од листовите и 
  • за задржување на цврстината на листовите и потпора на растението.

Покрај светлосната енергија која е неопходна за процесот на фотосинтеза значајна улога има и водата. Во водата се растворени и минералните соли, кои  исто така се значајни за произведување на храна.

Растенијата ја апсорбираат водата од почвата преку коренот. Поголемиот дел од водата што растението ја апсорбирало од коренот на крајот се губи преку листовите во форма на водна пареа. Кислородот и јаглеродниот диоксид се транспортираат низ листот со дифузија.


Водата која пристигнува до листовите, се распределува во секоја клетка .Дел од водата испарува и преку воздушните простори во внатрешноста на листот се исфрла  надвор од стомите, во форма на водна пареа. Овој процес на губење на вода од листовите на растението во форма на водна пареа се нарекува транспирација. 
Водата со минералните материи се пренесува низ растението, се до неговите највисоки делови преку систем од спроводни садови. Тие спроводни садови се означуваат како ксилем и флоем и се протегаат од коренот па се до листовите. Ксилемските садови ја пренесуваат водата и минералните материи од коренот до листот, додека флоемските садови ги пренесуваат органските материи од листот до коренот.

Растителните клетки содржат многу вода, особено во нивните вакуоли.Онаа клетка која содржи доволно вода е цврста и јака.Во таква состојба, тие се притискаат една до друга и го прават растението цврсто и му даваат потпора.

Во прилог ви праќам линк на кој ќе можете да проследите предавање за оваа лекција:

Домашна работа:
Да се научи лекцијата на стр.58-60
Да се одговорат прашањата од истата лекција (1,2,3 и 4)
Да се изработи активноста на стр. 59 и да се донесе соодветен заклучок.



Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.