Процес на изработка на една програма во програмот C++
Здраво ученици на почеток да ви соопштам дека почнуваме со нова тема која е:
ТЕМА 5: Програмирање преку стандарден структурен програмски јазик
Инструкции за работа на ученикот:
1 Чекор. Ќе го погледнете видеото од мојата колешка кое е поставено на следниов линк [LINK], Убаво ќе си ги пратите инструкциите обајснувањето.
2 Чекор. Во тетратка ќе ги запишете само поважните работи од видеото, како и ова што ви е со точки наброено;
- Линкови за online компајлер за C++ C++Shell LINK http://cpp.sh/ во кој работи колешката
- И LINK https://www.onlinegdb.com кој е многу подобар бидејќи првиот знае да успори (закочи)
- Препиши го 5 слајд кој е со наслов Почетен дел на програмата
- Препиши го 6 слајд кој е со наслов Главен дел на програмата
- Напиши ја во тетратка првата програма која е направена од наставничката
- Препиши го 7 слајд кој е со наслов Аритметички операции и изрази
- Напиши ја во тетратка програмата која е за аритметички операции која е направена од наставничката
- Препиши го 9 слајд кој е Наредби за внесување на податоци
- Препиши го 11 слајд кој е со наслов Пример за програма за пресметување на волумен на коцка со страна a.
- Препиши го 12 слајд кој е со наслов Пример за програма за пресметување на плоштина правоаголник со страна a и b.
3.Чекор. Сите ученици да пробаат да ги напишат (направат) нивните први програми во
https://www.onlinegdb.com и да ми направат print screen или да сликаат со мобилен телефон и сликите заедно со планот да ми ги пратат.
Испратите на емаил: petarbratstvo@gmail.com Или доколку немате емаил ќе ме најдете на facebook како Petar Ristoski и ќе ми ја испратите по порака на mesenger.
!!Важно!!! Рокот за доставување на домашната работа е до ПОНЕДАЛНИК 06.04.2020 до 19:00 часот.
April 02, 2020
Tags :
Информатика 7 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments