Saturday, April 4, 2020

thumbnail

Историја 8 одд Македонско Кресненско востание

Македонско Кресненско Востание 

Цели на часот е учениците да знаат за :
- Причините за востанието и неговото подигање
-Создавањето на слободната територија, организацијата на власта и создавањето на македонската востаничка војска 
-Значењето на востанието во борбата на македонската независност

  Причини и подготовки на востанието

-Незадоволството на македонското население од решенијата на Берлинскиот конгрес (1878), Македонија останала под османлиска власт
-Тешката положба на македонскиот народ (влошените услови за живеење )
За востание се определиле повеќе македонски интелектуалци како Ѓорѓија Пулевски, Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски и војводи како Дедо Иљо Малешевски 
За востание се определиле македонските емигранти во Бугарија, каде имало повеќе комитети под името „Единство„


                                                      Димитрија Поп Георгиев Беровски







  






                    Ѓорѓија Пулевски                                                     Дедо Иљо Малешевски


Почеток и тек на востанието

-Востанието започнало на 17 октомври 1878г. со напад на с. Кресна во долината на реката Струма на чело со Димитар Беровски и Стојан Карастоилов
- Биле ослободени 54 населени места

Организација на власта на слободната територија

- Формиран Штаб за македонската востаничка војска
- За водач бил избран Адам Калмиков - претставник на комитетот „ Единство „
- Началник на Штабот - Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски
- Прв војвода Стојан Карастоилов

Изработени Правила на македонскиот востанички комитет-
Според Правилата востанието имало за цел ослободување на Македонија - максимално барање се поставува создавањето на македонската држава



                                          Печат на Македонското Кресненско Востание


Задушување на востанието

-Обиди на бугарските власти да се преземе раководството на востанието
-Притворен Д. Беровски
-Убиен војводата Стојан Карастоилов
-Комитетот „Единство„ го презел раководството на востанието
- 1879 февруари османлиските сили навлегле на слободна територија, која во април била освоена

     Причини за неуспехот и значењето на востанието

Македонското востание не успеало  поради неповолната меѓународна ситуација, внатрешните неслоги и мешањето на Бугарија
Значење - Стремеж за создавање на македонска држава

Домашна работа - да се истражува за Правилата на македонскиот востанички комитет и да се испрати на kate.avramoska@live.com
  


Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.