Положбата на Македонците во Грција (1941-1944)
Цел на часот е учениците да знаат за:
- Положбата на Македонците под окупаторскиот систем
- Начинот на отпор и за организираната национално- ослободителна борба на Македонците
-Учеството на Македонците во заедничката антифашистичка борба со Грчкиот народ
Македонците во периoдот на Метаксовата диктатура (1936-1940)
- Генералот Метксас строго ја забранил употребата на македонскиот јазик во секојдневниот живот , но и во рамките на семејството (за секој македонски збор искажан јавно следувале тешки казни)
- Сите Македонци (и оние во длабока старост) биле принудени да учат грчки јазик
- Режимот на Јоанис Метаксас за Македонскиот народ имал фашистички карактер
Македонците во периодот на Втората светска војна (1941-1944)
- Во 1942 г. во Воденско била формирана Македонска антифашистичка организација - МАО
- Во 1943 во Костурско бил формиран Славјано- Македонски народноослободителен фронт
(СНОФ), а во с. Бел Камен формиран СНОФ за Леринско
Афирмирање на македонските културни вредности
- Во Егејска Македонија во текот на НОБ биле издадени македонски весници како: Славјаномакедонски глас, Искра, Победа, Слобода
- се отварале курсеви за народни учители
-се издал буквар и македонска читанка
-изведба на драмата Македонска крвава свадба од Војдан Чернодринск
Домашна - Да се истражува за положбата на македонското население во времето на Метаксовата диктатура
Изработената домашна да се испрати на - kate.avramoska@live.com
April 03, 2020
Tags :
Историја 8 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments