Thursday, April 16, 2020

thumbnail

Физика 9 одд Електромагнети

Наставна содржина 3.13 Електромагнети  (страна 72 и 73) 

Прашања:

1. Препиши го насловот на наставната содржина (како наслов).

2. Освем постојани магнети какви други магнети постојат и која е нивната разлика.

3. Што ни е потребно за да се направи електромагнет.

4. Нацртај го соленоидот слика 1 на страна 72.

5. Одговори ги прашањата 1 и 2 на страна 72.

6. Што се случува кај електромагнетот кога во него тече електрична енергија (струја) и кога нема слика 2 страна 72.  Погледај си го и Првото кратко ВИДЕО

7. Што преставува демагнетизирање.

8. Како може да се направи подобар електормагнет.

9. Огдовори го прашање број 3 на страна 73 и образложи го одговорот.

10. Според активноста 3.13В Тестирање електормагнет:
а. Дали можеме да подигнеме спојувалка за хартија, и дали таа ќе падне ако во него не тече електрична струја.
б. Како јадро во соленоидот се стави подебела игла или железо дали електромагнетот ќе биде појак?


11. Препиши го запомни страна 73 и дополни го со следниов Заклучок
Заклучете дека електромагнетите се прават со намотување на изолирана жица околу метално јадро. Кога има струја, јадрото се магнетизира. Кога нема струја, јадрото не е магнетно.

12. Откако ќе го погледнете ВИДЕОТО од мојата колешка кое е второто видео ќе ги одговорите следниве прашања кои ви се убаво објаснети во видеото.
a. Што е соленоид и како можеме да го направиме.
б. Од што зависи дали соленоидот ќе има северен пол на едниот крај а јужен пол на другиот крај (како кај соленоидит можеме да ги менуваме магнетините полови).
в. Од што зависи јачината на електромагнетот (како можеме да ја зголемиме, намалиме јачината на магнетоното поле).
г. Каде имаат примена електромагнетите.


!!!Важно!!! Рокот за доставување на домашната работа е до ВТОРНИК 21.04.2020 до 19:00 часот.

Прашањата ќе ги одговорите во вашите тетратки и како доказ дека сте ги одговориле ќе испратите слика од напишаните (одговорени) прашања со вашето име и презиме на десниот голен агол од листот.



Кај наставникот Ристе Т. на google classroom.Kај наставникот Петар. Р на google classroom или маил.  petarbratstvo@gmail.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.