Меѓународните односи по Втората светска војна
Цели на часот:
- Да знаат за противречностите помеѓу големите сили и блоковската поделба на светот;
- Да знаат за формирањето на најважните европски асоцијации и нивната улога;
- Да знаат за кризните жаришта во светот по Втората светска војна.
Париската мировна конференција
По завршувањето на Втората светска војна во Европа уследиле многу иницијативи за склучување на мир. Во периодот од 29 јули до 15 октомври 1946 година во Париз се одржала мировна конференција на која учествувале земјите на антифашистичката коалиција и
земјите сојузнички на фашистичка Германија од Европа (Италија, Бугарија, Унгарија, Романија и Финска).
Од страна на антихитлеровскиот сојуз учествувале 21 земја меѓу кои и големите сили САД, СССР, Велика Британија и Франција. Како антифашистичка земја на конференцијата учествувала и Југославија.
Целта на Париската конференција било склучување на мир, меѓутоа уште на почетокот се покажале големи недоразбирања меѓу двете страни, што довело до поделби на воени и политички блокови.
На Македонија не и' било дозволено да одлучува во донесувањето на решенијата на оваа Конференција.
Кинеска револуција (1946-1949)
Кинеската револуција се водела меѓу богатата кинеска буржоазија на чело со Чанг Кај Шек и сиромашното население под водство на Мао Це Тунг.
Чанг Кај Шек бил помогнат од Велика Британија и САД кои биле против комунизмот во Кина.
Тој во 1947-та година претрпел пораз од војските на Мао Це Тунг и бил протеран од Кина на островот Тајван.
На Народното собрание во Пекинг се прогласува новата држава Народна Република Кина - Претседател Мао Це Тунг.
Студената војна и односот меѓу големите сили
- Конфронтирање на сојузниците од Втората светска војна околу границите, влијанието кај помалите земји и идното државно уредување.
- Незадоволство на западните земји од промените што се вршеле во источноевропските социјалистички земји - настојувале да се спречи ширењето на социјализмот односно комунизмот во некои европски земји.
- Земјите од Источна Европа не се откажале од комунистичкото уредување
Светот по Втората светска војна влегол во т.н. студена војна - тоа не било војна со оружје туку со закани и притисоци.
Создавање на блокови
- Aприл 1949 година создаден Северноатланскиот пакт (НАТО) од западноевропските земји предводени од САД
-1955 год. скучен договор меѓу земјите од Источна Европа предводени од СССР т.н. Варшавски пакт
За домашна работа: Да се одговорат прашањата од учебникот на страна 122 и да се изработи проект за НАТО пактот и Варшавскиот пакт. Домашната работа да се испрати на kate.avramoska@live.com
April 27, 2020
Tags :
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments