Saturday, April 4, 2020

thumbnail

Историја 9 одд Создавање на Македонската држава

Создавање на Македонската држава

Цели на часот се учениците да знаат за:
- Подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ
-Одлуките на Првото заседание на АСНОМ
- Односот на меѓународната јавност кон создавањето на македонската држава


Создавање на првите органи на власта

-Народноослободителните одбори најмасовно  биле создадени во 1943 год.
Есента 1943 г. многу делови од Македонија станале слободна територија-западниот дел на Македонија

 Првото заседание на АСНОМ

-Првата половина на ноември 1943 е формиран Иницијативен одбор за свикување на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија ( АСНОМ )
Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 во манастирот                                 „Св. Прохор Пчински „ кај Куманово.
  


Конституирање на Македонската држава

      Решенија на Првото заседание на АСНОМ: 

-АСНОМ се прогласува за законодавно и извршно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Македонија
-Декларацијата за основните  права на граѓанинот
-Македонскиот јазик бил прогласен за службен јазик на македонската држава
-Избран Президиумот на АСНОМ и неколку поверенства
-За прв претседател на АСНОМ  бил избран Методија Андонов - Ченто, a за потпретседатели
Панко Брашнаров и Емануил Чучков.

Салата на Првото заседание на АСНОМ 



Методија Андонов Ченто

На овој линк можете да прочитате нешто повеќе за Декларацијата на основните права на граѓанинот. https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%90%D0%A1%D0%9D%D0%9E%D0%9C_,_%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82_9 

Формирање на првата Влада на Демократска Федеративна Македонија

-На Третото заседание на АСНОМ (16 април 1945) била формирана првата влада на Демократска Федеративна Македонија на чело со Лазар Колишески
- Во 1946 г. е донесен Првиот Устав на Народна Република Македонија - НРМ
-Според Уставот Македонија е држава со републиканско уредување и дел од Југословенската Федерација.
Истовремено се определени и државните симболи на Македонија знамето и грбот , а подоцна и химната.

Домашна работа :  Да се истражува за Методија Андонов - Ченто и неговото дело и да се испрати на kate.avramoska@live.com 











Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.