Неравенки
Два алгебарски изрази А и В поврзани со еден од знаците за неравенство <,≤, > или ≥ (пример: А < В), се вика неравенка со една непозната.
Секја вредност на непознатата за која неравенството преминува во точно бројно неравенство се вика решение на неравенка.
Да се реши една неравенка со една непозната, значи да се определи множеството решенија на таа неравенка.
Начинот на решавање на една неравенка е потполно ист како решавањето на равенките со само едно дополнување: Доколку има потреба неравенката да се множи или дели со негативен број, тогаш знакот на неравенството СЕ МЕНУВА (ако бил <, станува >, доколку бил >, станува <. Истото се однесува и на знаците ≤ и ≥).
За да ви стане малку појасно околу начините на решавање и претставување решенија на неравенка ќе го погледнете следното видео. Видеото е преснимено од сајтот Jetminds
За домашна работа ќе ги решите задачите од учебникот на стр. 186 1а), д); 2а), б) и стр. 188/189 задача 1, 2, и 3 (само прва колона задачи)
Учениците кои сакаат повеќе да научат да ја решат 4 (1 колона)
Учениците кои не можат да ги решат дадените задачи да ги пререшат на стр.186 пример 1 и на стр.188 пример 2 и 3
April 01, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments