Monday, April 6, 2020

thumbnail

Трета контролна писмена работа

Контролна писмена работа


Почитувани ученици, 

Денес во 14 часот ќе ја реализираме третата контролна писмена работа. На следниот линк ќе можете да се приклучите директно до писмената работа. Исто така писмената работа ќе биде постирана и во word документ, во случај некој да не може да се поврзе со линкот во classroom.
Потребно е секој од вас до себе да има бел лист и пенкало или молив за пишување. На овие листови, ќе си запишете име и презиме и ќе ги решавате задачите од писмената, а само решението ќе го запишете во online тестот. Кога ќе завршите со сите задачи, на крај ќе стиснете на копчето submit или prosledi  или можеби испрати, сѐ зависи од тоа дали работите на компјутер или на мобилен телефон и каков јазик подржува истиот. Откако ќе го затворите тестот, ќе го сликате листот на кој што сте ги решавале задачите, подоцна ќе ве известам како и кога да ми ги пратите.

Бидејќи станува збор за писмена работа од дома, дозволено е да ги користите школските тетратки, домашните тетратки и учебникот како помошна литература. Бидејќи ги имате сите овие ресурси на располагање, се надевам на искрени лични Ваши одговори.


НАПОМЕНА: Писмената може да ја сработите и преку мобилен телефон (за кој што ви е потребно да ја имате спуштено апликацијата classroom и да сте најавени соодветно), но и преку компјутер преку истата апликација.

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.