Thursday, April 2, 2020

thumbnail

Хемија - Колку е ефективен лекот за лошо варење

Наставна тема: Хемиски реакции
Наставна содржина: Колку е ефективен лекот за лошо варење?
                                    Тестирање на лековите за лошо варење.

Наставната содржина   во учебникот страна 94.

Што е лошо варење? Што го предизвикува? Како може да се излечи?
 -  Во желудникот  се создава хлороводородна киселина . таа служи  за да ја разгради храната  и да ги уништи бактериите .  Кога нејзиното количество е поголемо, велиме  дека имаме непријатно чувство  познато како  лошо варење
Реакција на неутрализација може да се искористи за лекување на оваа состојба.
Што би било добар лек за лошото варење?
Постојат  повеќе лекови што помагаат во ваква ситуација. Сите тие се повеќе или помалку се базни и помагаат во неутрлизација на вишокот киселина. Овие лекови се познати под името антациди.
 Различни таблети за лекување на лошото варење неутрализираат различен волумен киселина.


Домашна :
 Двајца ученици  имале задача да  тестираат  кој е најдобриот антацид во локалниот супермаркет.
 Секој примерок од антацидот  бил со иста маса.. Истражувале колкав волумен на киселина е потребно да се неутрализира секој примерок.  Тестирањето покажало дека :

да се неутрализира антацидот бр 1  било потребно  6 мл хлороводородна киселина
да се неутрализира антацидот бр 2  било потребно  12 мл хлороводородна киселина
да се неутрализира антацидот бр 3  било потребно  2  мл хлороводородна киселина
да се неутрализира антацидот бр 4  било потребно  8 мл хлороводородна киселина



Одговори
Кој е најефикасниот антацид според овие резултати?
Кој е најмалку ефикасниот антацид според овие резултати и зошто?
 Да се одговори до 6 -04- 2020

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.