Thursday, April 23, 2020

thumbnail

Примена на Питагорова теорема кај геометриски форми

Примена на Питагорова теорема кај геометриски форми


Питагора од Самос е голем грчки математичар, роден околу 570 год. Основал математичка школа на југот на Италија, чии членови се нарекувале Питагорејци. Негово најважно откритие е тврдењето дека квадратот над хипотенузата кај правоаголен триаголник е еднаква на збирот на квадратите над катетите. Всушност ова откритие било познато многу одамна (Египјаните користеле јаже со 12 чворови на еднакво растојание, од кое формирале правоаголен триаголник со страни 3,4,5. Затоа тој триаголник се нарекува египетски триаголник. Од исти причини и триаголникот со страни 5,12,13 се нарекува индиски триаголник.) Иако познавањето на оваа математичка вистина води потекло уште кај Вавилонците, 2000 год. п.н.е. , Питагора е прв кој ја докажал, па го добила името питагорова теорема во негова чест. 

На следниот линк ќе проследите презентација за примена на Питагорова теорема кај некои геометриски форми како рамностран триаголник, квадрат, трапез и слично. Овој пат имате обврска во школските тетратки да ги запишете сите формули и слики од соодветните геометриски форми од презентацијата.

За домашна работа ќе ги решите задачите од 1 до 5 под а) и б) од учебникот на стр.228 и задачиве од наставниот лист на следниот линк.
Учениците кои сакаат повеќе да научат да ги решат 7 и 8 задача од учебникот на стр.229
Учениците кои не можат да ги решат зададените задачи да ги пререшат примерите 1, 2 и 3 од учебникот на стр.226,227






Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.