Плоштина и волумен на квадар
Квадарот е геометриско тело (3Д форма) составено од 6 ѕида од кои два по два спротивни се складни.
Плоштина на квадар се пресметува по формулата P=2(ab+ac+bc)
Волумен на квадар се пресметува по формулата V=abc
каде што а е должина, b е ширина и с е висина на квадарот.
За да воочите од каде доаѓаат формулите за плоштина и волумен на квадарот погледнете го видеото на следниот линк
Домашна работа: 1, 2, 3 (под а)) и 4 задача од учебникот на стр.283.
Помош за 3 задача: Размисли добро што претставува плоштина на едно геометриско тело, а потоа воочи од кои ѕидови (плоштини) е составено токму ова тело. На сличен начин размислувај и за пресметување волумен на тело. Што претставува волумен на едно тело, па потоа пресметај според податоците од цртежот.
Учениците кои нема да можат да ги решат зададените задачи, да го пререшат примерот 1 од учебникот на стр.283.
April 28, 2020
Tags :
Математика 8 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments