Тесалација или поплочување е постапка на покривање рамна површина со една или со комбинирање повеќе фигури без преклопување и без празнини помеѓу нив.
Примери за тесалација
Тесалација добиена со комбинирање на еден вид правилен многуаголник ја нарекуваме правилна тесалација.
Тесалација во која се користат два или повеќе различни правилни многуаголници ја нарекуваме полуправилна тесалација.
На следниот линк може да проследите презентација во која е прикажано примери за правилна и полуправилна тесалација, но и постапката за одредување дали од еден правилен многуаголник може да се формира правилна тесалација или не.
Домашна работа: Обиди се во тетратките да ја нацрташ тесалацијата од сликата. Потоа обој ги во една боја големите квадрати, во друга боја помалите квадрати и во различна боја триаголниците
Учениците кои неможат да ја нацртаат тесалацијата или да нацртаат тесалација по свој избор или да го пререшат примерот на страна 216 од учебникот.
April 15, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email


No Comments