Sunday, April 5, 2020

thumbnail

Хемија - Проблеми со својствата на киселините

Наставна тема: Хемиски реакции
Наставна содржина: Проблеми со својствата на киселините

Што е корисна реакција?
Што ја прави една реакција корисна?
 Лекување на лошото варење со помош на антациди е еден од примерите за корисна реакција.

Но некои од својствата на киселините предизвикуваат проблеми.
Со помош на учебникот страна 93, 96 и 97 одговорете на следниве прашања за да ги открите проблемите што ги предизвикуваат својствата на киселините.

  • Што е кисел дожд? Како тој влијае врз објектите?
  • Како рН вредноста во почвата влијае врз тоа кои растенија може да растат?
  •  Како можат земјоделците или градинарите да ја променат рН вредноста на почвата? 
  • Што се случува со рН вредноста на млекото кога тоа почнува да се расипува? Зошто тоа се случува?
  •  За да ги проширите знењата посетете го линкот                                          https://www.youtube.com/watch?v=V_8CeFibe6g&feature=youtu.be од платформата www.eduino.gov.mk

Задача  за  домашна :   Која е вообичаената pH вредност на дождот кој е слабо кисел?
     а) 1                    б) пониска од 3                     в) меѓу  5 и 7                         г) 10  и 12


Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.