Питагорова Теорема
Питагора бил грчки математичар кој живеел пред околу 2500 години. Тој ги изучувал правоаголните триаголници. По него е именувана и една од најпознатите теореми во математиката а тоа е Питагорова Теорема која се однесува само за правоаголните триаголници и гласи: Квадратот на хипотенузата е еднаков на збирот од квадратите на катетите.
Притоа да се потсетиме: Катети се страните од правоаголен триаголник што го формираат правиот агол, а хипотенуза е страната што лежи наспроти правиот агол (најдолгата страна во правоаголен триаголник)
Домашна работа за сите ученици е да се потрудите колку може попрецизно да го исцртате доказот на Питагорова Теорема што е даден на сликата подолу и 1,2,3 задача од учебникот на стр.224

Учениците кои сакаат повеќе да научат да ги решат и 4 и 5 задача од учебникот на стр.225.
Учениците кои не можат да ги решат задачите од учебникот, да ја нацртаат сликата од погоре во тетратките и да ги пререшат примерите 1 и 2 од учебникот на стр.223
April 22, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments