Мапи, азимут и размер
Азимут е агол измерен од север во насока на движење на стрелките од часовникот. Азимут обично се запишува со три цифри. Пример азимут од 45 степени се запишува 045 степени.
Азимут секогаш се мери од север на мапата и во насока на стрелките од часовникот.
Примерот 1 во учебникот на стр.218 убаво прикажува како се користи агломерот за да се измери азимут од точка до точка.
Објектите и површините на мапите често се претставени во размер. Пример 1cm:100000cm на мапа значи дека на растојание од 1cm на мапата одговараат 100000cm=1000m=1km големина во природата.
На следниот линк ќе проследите презентација за одредување азимут.
Домашна работа: 3,4 и 5 задача од презентацијата (одберете кои задачи можете да ги решете, тие решете ги)
Учениците кои не можат да решат ниту една од задачите од презентацијата да го пререшат примерот 1 од учебникот на стр.218
April 21, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments