На овој час ќе научиме дека :
- нашата планета Земја се движи т.е. врти (околу својата замислена оска) и поради тоа настанува ден и ноќ.
- нашата планета Земја се движи т.е. врти и околу Сонцето и поради тоа се променуваат четири годишни времиња.
За сето тоа да ви стане појасно, прочитајте го објаснувањето и разгледајте ги сликите што ви ги подготвив.
Потоа превземете го наставниот лист за земјина орбита, на следниот линк , а подготвените сликички од Сонцето и планетите на Сончевиот систем превземете ги на следниот линк.
Наставниот лист и сликичките можете да ги испечатите (или прецртате во вашите тетратки, како и досега). По завршување на задачите, да се слика и да се испрати на мојот viber (како и досега) или на е-маил адреса jovankaarsenovska@yahoo.com
Потоа добивате моја повратна информација на сработеното (како и досега). Обрнете внимание на истата, внимателно прочитејте : што е сработено успешно, на што треба да обрнете поголемо внимание за да се појасни, а што грешите - за да вежбате повеќе и да се подобрите во иднина.
Ви посакувам успешна работа!

April 03, 2020
Tags :
Природни 2 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments