МЕРЕЊЕ И РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Константна брзина, средна брзина, часови во минути и обратно
Денес почнуваме нова тема: Мерење и решавање проблеми.
Константна брзина
Брзината е една од величините со кои можеме да го опишеме движењето. Кога се движиме со константна (непроменлива, постојана) брзина изминатиот пат е пропорционален со изминатото време. Задачите што се однесуваат на брзината, можеме да ги решиме со помош на пропорција.
Средна брзина
Врската помеѓу брзина, пат и време, како што и досега имаме изучувано е брзина = пат/време
Ретко се случува да луѓето патуваат со константна брзина, па затоа користиме средна брзина, што ја пресметуваме за целиот изминат пат.
средна брзина = вкупниот изминат пат / вкупно време, со ознаки запишуваме v=s/t
Претворање часови во минути и обратно
Времињата 3часа и 30 минути, 3,5 часа и 3цели1/2часа се еднакви.
Понекогаш е потребно да извршиме претворања меѓу нив.
За да претвориме минути во часови, делиме со 60.
За да претвориме часови во минути, множиме со 60.
Притоа, мора да се нагласи дека го множиме или делиме само децималниот дел односно минутниот дел од времето. Целиот број на часови останува ист.
За да ви се појаснат работите околу овие поими, разгледајте ги решените примери од учебникот на стр.237,238 и 239
Домашна работа: Од 1,2 и 3 задача само прва колона и 4 и 5 од учебникот на стр.239
Учениците кои сакаат повеќе да научат да ги решат 6,7 и 8 задача на стр.240
Учениците кои не можат да ги решат зададените задачи, да ги пререшат примерите 1,2,3 и 4 од учебникот на стр.237,238,239.
April 29, 2020
Tags :
Математика 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments