Пропорционално зголемување
Пропорционално зголемување е трансформација што ја менува големината на целата фигура - оригинал. Со оваа трансформација ги зголемуваме сите димензии на фигурата подеднакво, односно пропорционално.
За разлика од трансформациите што ги учевме досега, сликата добиена со пропорционално зголемување не е складна со оригиналот.
На следниот линк ќе можете да погледнете постапката за пропорционално зголемување. Потоа во задачите 1 и 2 на вториот лист ќе се обидете зададените фигури сами да ги зголемите во вашите тетратки за домашна работа.
Учениците кои сакаат повеќе да научат нека ја решат задача 5 од учебникот на стр.274
Учениците кои нема да можат да ги решат зададените задачи за домашна, нека ги пререшат следниве примери: Пример 1 на стр.269, Пример 2 на стр.270 и Пример 4 на стр.272 од учебникот.
Со оваа домашна ја завршуваме оваа учебна седмица. Следни задолженија ќе добиете од понеделник.
April 09, 2020
Tags :
Математика 8 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments