Драги ученици и родители,
Поради новонастанатата ситуација сме принудени да работиме online (настава преку интернет) што претставува новитет и за вас - учениците и за наставниците па и за родителите.
Се надевам дека со заеднички напори ќе успееме да го поминеме и совладаме материјалот по МАТЕМАТИКА предвиден за оваа учебна година.
Од почетокот на оваа ситуација до денес (31.03.2020 год) се снаоѓавме и заедно соработувавме на разни начини а најчесто тоа беше преку ,,VIBER " групи.
Благодарение на менаџментот на ООУ ,, ЕДИНСТВО ", а посебно на наставникот по информатика Ристоски Петар, од сега па на тамо ќе може да ја користиме оваа платформа ,,Blogger" и сите материјали да бидат лесно достапни до вас (учениците).
Ваша задача е редовно да ја посетувате оваа веб страна и да ги пратите материјалите кои ќе ги прикачувам во училишни термини како и при нормална настава - само во Вторник и Четврток.
Исто така потребно е тековниот ден во коментар да запишете текст: присатен а со тоа ќе потврдите дека сте активни на час (ќе сметам дека биле присатни на час само оние ученици кои ќе коментираат дента кога се одржал часот или сум прикачила материјали).
На повеќето предавања - презентирања на наставните содржини, ќе задавам домашни работи кои треба да ги сработите и да ми ги испратите по VIBER или Messenger како што работевме и до сега. Домашните работи мора да се испратат најдоцна до наредниот час.
Ќе правиме и онлајн ПРОВЕРКИ НА ЗНАЕЊЕ (за начинот на проверка ќе ве известам дополнително).
Целата ваша активност ќе ја вреднувам и секој вложен труд од ваша страна ќе се оценува со оценка (исто како и во редовната настава).
Доколку имате некои нејаснотии во врска со наставните содржини може слободно да ми пишете на VIBER или Messenger било кој ден во текот на работната недела.
СЕДЕТЕ ДОМА, бидете здрави, слушајте ги родителите, пополнете го вашето слободно време следејќи го новиот начин на учење и заедно ќе успееме.
Со почит,
Дипл.проф. по математика:
Јулијана Ѓорѓиеска
April 01, 2020
Tags :
Математика 7 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

1 Comments
Prisutna
Reply Delete