Wednesday, May 20, 2020

thumbnail

Историја 7 одд. Животот и културата во Македонија до крајот на XIV век

Животот и културата во Македонија до крајот на XIV век

Цели на часот:
- Учениците да знаат за основните карактеристики на културата до XIV век , литературата,
уметноста, градежништво, материјални остатоци 
- Да се осознае начинот на живеење и обичаите на луѓето

Книжевност

- По создавањето на словенската азбука св.Кирил и св.Методиј започнале да преведуваат книги  од грчки на словенски јазик
- Св. Климент и св.Наум пишуваат свои дела: молитви, пофални слова, житија, песни   (пишувале со глаголско и кирилско писмо )
 - Позначајни глаголски книжевни творби се: Асемановото, Зографското, Охридското евангелие, а од кирилските книжевни дела: Добромировото евангелие, Охридскиот апостол
- Книжевни центри во Македонија од XI-XIV век: Охридски, Дебарски, Кратовски книжевен
центар
-Развиток на црковнословенскиот јазик од кој подоцна се развил современиот македонски јазик
-Скопски книжевен центар во Марковиот манастир развиен во XIV  век
- Создавање на историско-легендарни романи. Посебно бил познат романот за Александар Македонски „ Александрида „

 Архитектура

- Најзначајни градби во Македонија : ѕидините на градовите , цркви и манастири
Уметност
-Охридски сликарски центар во XIV век
-Развиток на фреско-сликарството и подем на иконописот ( црквите и манастирите биле украсувани со фрески и икони )
-Развиток на музичката култура во средновековна Македонија
- Создадена посебна македонска нотација - Св. Климент Охридски
-Јован Кукузел -најпознат македонски музички творец



Скопското Кале


Св.Јован Канео - Охрид


Домашна задача : Да се одговорат следните  прашања:
1. Кои позначајни книжевни центри биле создадени во Македонија од XI-XIV век?
2.Наведете позначајни книжевни творби напишани со глаголско и кирилско писмо.
3.Какви градби се граделе во средниот век ?

Да се изработи проект за „Градежништвото во Македонија  до XIV век „
(да се пронајде илустративен материјал) и да се испрати на kate.avramoska@live.com


Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.