Wednesday, May 20, 2020

thumbnail

Историја 7 одд. Власите во Македонија во Средниот век

Власите во Македонија во Средниот век

Цели на часот:
- Учениците да знаат за потеклото и територијата на Власите
-Да ги сфатат обичаите и начинот на живот на Власите во Македонија

Потекло и територија

- Власите староседелско претсловенско население, а други автори тврделе дека се доселиле од Дакија (денешна Романија)
- Јазикот на Власите спаѓа во групата латино-романски јазици
-Власите се посебна етничка група со свој јазик и фолклор
-На својот јазик Власите се нарекуваат  Арм'њ 

Историја и начин на живеење 

- Власите првпат се споменуваат во  VIII век - Житие на светогорските манастири за покрстување на Словените (биле покрстени „ Ринхини, Влахоринхини и Сагудати) 
- Власите биле „номади „- народ кој скита и нема постојано месо на живеење (според
византиски писатели)
- Мандри - населби  од шатори поставувани на планините во лето
- Власите се занимавале со земјоделство, сточарство, биле трговци, војсководачи,
 политичари
-Се одликувале со работливост  и  штедливост
- 1066 година востание на Власите и Словените во Тесалија поради високите даноци на византискиот цар. Биле прифатени нивните барања
-Во средниот век Власите во Македонија се споменуваат во областите меѓу Костур и Преспа во Тесалија, меѓу Солун и Сер, околу Струмица 

Домашна задача : Да се направи истражување за културата, јазикот и обичаите на Власите
и да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.