Friday, May 22, 2020

thumbnail

Историја 7 одд. Колонизација и исламизација на Балканските земји

Колонизација и исламизација на Балканските земји

Цели на часот: 
- Ученикот да го осознае процесот на колонизација и исламизација на балканските земји по паѓањето под османлиска власт и последиците

Колонизација

- Процеси на османлиска колонизација - засилени во XV и XVI век
- Османлиите ја зацврстиле својата власт преку колонизацијата (населување). Било вршено колонизирање на муслиманско население во освоените градови и области
- Како резултат на наметнување на власта на Турците - Османлии била засилена миграцијата на христијанското население од градовите во селата (на местото на испразнетите градови било населено муслиманско население)
-Населување на турски сточари - Јуруци  од Мала Азија  на напуштените делови во освоените балкански земји
-Создавање на јуручки населби (Овчеполието, Штипско, Радовишко ,Струмичко, Солунско, Леринско)
-Балканските градови добиле ориентален изглед - биле градени џамии,амами (бањи), анови
-Преименување на имињата на градските населби. На пример, градот Скопје бил преименуван во Искип, Битола во Монастир

Исламизација

- Процес на исламизација на македонското селско и градско население - со сила или преку привлекување со намалување на даночните обврски
- Дел од христијанските феудалци што не сакале да го изгубат својот имот и привилегии доброволно го прифаќале исламот
-Исламот го прифатиле и дел од најсиромашните слоеви на христијанското селско население, со цел да бидат ослободени од редица даноци
-Се исламизира дел од македонското население во Западна Македонија - ја прифатило исламската религија, зачувувајќи го својот мајчин (македонски) јазик
- Османлиите спроведувале и насилна исламизација 
-Данокот во крв - одземање здрави христијански машки деца, кои по посебното воспитување и исламизирањето станувале јаничари

- Исламизацијата била најмасовна во Босна , Албанија, а била раширена и во Западна  Македонија, Бугарија и други балкански земји.

 За домашна задача:  
 1. Што значи поимот исламизација?
 2. Да се направи истражување за ,,данокот во крв,,

Изработената домашна задача да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.