Отпори против османлиската власт на Балканските земји
Цели на часот:
- Да знае за видовите отпор против османлиската власт
- Да ги препознае причините за отпорот
Причини за појава на отпорот
- зголемени даноци
- злоупотребите што ги правеле собирачите на данок
Видови отпор
-Постоеле два вида отпор против османлиската власт :
- неоружен отпор
- оружен отпор
- Неоружениот отпор се изразувал преку неплаќање на даноците и одбивање на исламизацијата
-Најсилен отпор селаните давале против данокот во крв
- Македонците кои се противеле да ја прифатат исламската вера биле убивани - Злата Мегленска и Ѓорѓи Кратовски
- Оружен отпор - ајдутството најраширен вид
- Ајдутите биле организирани во дружини составени од 20-30 луѓе
- На чело на дружините стоеле арамбаши или војводи
- Дружините се собирале околу Ѓурѓовден (на пролет), а се растурале околу Митровден (наесен)
- јатаци- заштитници на ајдутите (собирале храна, оружје, облека за ајдутите)
- Буните повисок вид на оружен отпор
-Мариовско - Прилепска буна (1564-1565) - прва буна во Македонија поради тешките даноци и самоволието на османлиските власти
- Во XVII век буните биле се почести и ги наговестиле востанијата
Мариовско-Прилепска буна
Домашна задача :
- Од понудените поими препознај ги и запиши ги со сина боја поимите соодветни за невооружен отпор. Со црвена боја запиши ги поимите кои се соодветни за вооружен отпор
ОДБИВАЛЕ ДА СЕ ИСЛАМИЗИРААТ, ЈАТАЦИ , ВОЈВОДИ
АЈДУТСКИ ДРУЖИНИ ОД 20-30 ЛУЃЕ , ЃУРЃОВДЕН - МИТРОВДЕН ,
ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА И ЃОРЃИ КРАТОВСКИ , ОДБИВАЛЕ ДА ПЛАЌААТ ДАНОК,
ДАНОК ВО КРВ, МАРИОВСКО-ПРИЛЕПСКА БУНА , АЈДУТСТВО
-Да се направи истражување за жени војводи пример Румена војвода.
Изработената задача и истражувањето да се испратат на kate.avramoska@live.com
May 26, 2020
Tags :
Историја 7 одд
,
Историја 8 одд
,
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments