Thursday, May 7, 2020

thumbnail

Историја 7 одд Потпаѓање на Македонија под османлиска власт

Потпаѓање на Македонија под османлиска власт

Цели на часот:
- Учениците да знаат за Маричката битка и последиците за Македонија
-Да ја разберат улогата на кралот Марко како заштитник на македонскиот народ и вазал на османлиите
- Да знаат за битката кај Ровине и паѓањето под османлиска власт  

    Владеењето на кралот Марко

- Битката на брегот на реката Марица - ноќта меѓу 25 и 26 септември 1371 г. (кај местото Черномен) позната како Маричка битка
- Битката се водела меѓу османлиските војски и војските на браќата Волкашин и Јован Углеша
- Во Битката на Марица кралот Волкашин и деспотот Углеша храбро загинале 
- Кралот Марко  го наследил престолот на Прилепското Кралство (по смртта на кралот Волкашин)
-1385 г. кралот Марко бил принуден да стане турски вазал
(вазал - потчинет на некого)

 Потпаѓање на Македонија под османлиска власт

- 1390 г. Османлиите го освоиле градот Кратово, Прилеп и Битола
- 1395 г. Османлиите го освоиле градот Скопје
- 17 март 1395г. во битката кај Ровине загинале кралот Марко и деспотот Константин Драгаш
(како вазали го придружувале султанот во битката со влашкиот војвода Мирче)
- По смртта на кралот Марко, Македонија потпаднала под османлиска власт 
- 1430 г. градот Солун бил освоен од Османлиите



                                                                     Кралот Марко

Улогата на кралот Марко како заштитник на народот

-Oдговорен и храбар владетел - станал вазал со цел да го заштити народот од османлиските грабежи
- Kако добар христијански владетел градел цркви, ги обновувал запуштените и им дарувал имоти
- Kралот Марко ковал сребрени монети
- Последен македонски крал кој народот го воспеал во многу песни

Домашна задача: 
-Опиши ја Маричката битка
-Каква била положбата во Македонија по Маричката битка
- Опиши го владеењето на кралот Марко
- Кога Македонија конечно потпаднала под османлиска власт?
- Да  се истражи  каков јунак станал кралот Марко во народната традиција ? 

Домашната работа да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.