Илинденско востание
Цели на часот:
- Учениците да знаат за причините, поводот и подготовките за подигање на востанието;
- Да знаат за солунските атентати;
- Да знаат за подигањето и текот на востанието.
Причини за востанието
- Во почетокот на XX век положбата на македонскиот народ воопшто не била подобрена. ТМОРО ја ширела ослободителната идеја и го подготвувала населението за востание.
- Османлиската власт применувала остри мерки за да го спречи ослободителното движење, што го продлабочило незадоволството.
- Положбата посебно се влошила по врховистичките провокации за востание во Македонија од 1902 г.
- Идејата за востание ја проповедал претседателот на ЦК на МРО - Иван Гарванов.
Солунскиот конгрес 1903 година и прашањето за востание
- Во јануари 1903 г. во Солун бил одржан конгрес по барање на И. Гарванов.
- На овој конгрес не присуствувал ниту еден од истакнатите дејци на ТМОРО, меѓутоа била донесена одлука за општо востание.
- Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други сметале дека не постојат поволни услови за општо востание и предлагале да се засилат дејствата на четите, без да се прогласува востание. Нивните обиди биле безуспешни и во текот на овие напори Гоце Делчев загинал.
Солунските атентати
- Солунските атентати биле дело на неколкумина младинци наречени гемиџии, кои имале за цел да го свртат вниманието на Европа кон Македонија.
- Во Солун бил запален францускиот брод ,, Гвадалкивир'', била минирана ,,Отоманската банка', поштата и гасната станица' . Поради тоа османлиските власти извршиле жестока одмазда врз невиното насление.
Гвадалкивир
Подготовки за востанието во Битолскиот револуционерен округ
- На Смилевскиот конгрес во мај 1903 г., била донесена одлука за востание во Битолскиот револуционерен округ.
- За изведување на востанието бил формиран Главен штаб во кој влегле Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев.
- Бил изработен и Востанички дисциплински устав.
- Главниот штаб одлучил востанието да започне на празникот ,,Св. Илија'', ноќта 2-ри спроти 3-ти август и затоа е наречено Илинденско востание.
Борис СарафовДаме Груев
Анастас Лозанчев
Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ
- Со палење на востанички огнови, биење на камбаните, уништување на телефонските и телеграфските линии и напади на врз населени места бил означен почетокот на востанието.
- Значајни успеси востаниците постигнале во Костурско и Леринско.
Востанието во другите окрузи
- Во Солунскиот, Скопскиот и Струмичкиот револуционерен округ не дошло до масовно востание.
- Востанието во Серскиот револуционерен округ започнало на Крстовден (27-ми септември).
Домашна работа: да се одговорат следниве прашања:
- Во какви околности се одржал Солунскиот конгрес на ТМОРО?
- Кој ги организирал и ги извел солунските атентати?
- Зошто Гоце Делчев бил против кревање на востание?
- Кој го раководел Смилевскиот конгрес?
- Каков бил текот на востанието?
Домашната работа да се испрати на kate.avramoska@live.com
May 11, 2020
Tags :
Историја 8 одд
,
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email



No Comments