Крушевска република
Цели на часот:
- Учениците да знаат за ослободувањето на Крушево и воспоставувањето на востаничка власт
- Да знаат да ги толкуваат пораките од Крушевскиот манифест и да го оценуваат значењето на Крушевската република
- Да знаат за улогата на Никола Карев во создавањето на Крушевската република
- Да знаат за крајот на востанието
Подготовки за востанието во Крушевската околија
- Никола Карев како началник на Горското началство раководел со подготовките за востание
- Изработен план за напад и ослободување на Крушево - биле ангажирани 750 - 800 востаници
Ослободувањето на Крушево
- Нападот на Крушево започнал ноќта на 2-ри август 1903 г. и бил означен со биење на камбаните
- Нападот бил насочен кон касарната и поштата
- Востаниците биле побројни од турските сили , бидејќи градот го бранеле околу 60 турски војници
- Попладне на 3-ти август Крушево било ослободено
Никола Карев
Крушевска република
-По ослободувањето на Крушево била воспоставена востаничка власт позната како
КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА. Нејзин претседател бил Никола Карев
-Највисок орган на цивилната власт бил Советот на републиката, кој бил составен од 60 граѓани
- Советот избрал Привремена влада од 6 члена.
- На чело на владата стоел Вангел Дину
- Воената власт била во рацете на Горското началство - Штабот
- Превземени мерки за одбрана на градот
- Била отворена работилница за оружје и муниција, а биле изработени и неколку црешови топчиња, била подготвена болница
Црешовото топче
До муслиманското население од околните села бил испратен повик т.н. Крушевски манифест
Крајот на Крушевската Република и Задушување на Илинденското востание
-На 12-ти август 1903г. Крушево било опколено од големи турски силина чело со турскиот командант Бахтијар - паша
- Главните борби се воделе во месноста Слива и на Мечкин Камен, каде војводата Питу Гули
загинал со својата дружина
- На 13-ти август османлиските војски го зазеле Крушево
- Османлиските војски продолжиле со задушување на востанието во Битолскиот
револуционерен округ
Питу Гули
Значењето и одгласот на Илинденското востание
-Израз на стремежот на македонскиот народ за сопствена држава
За домашна задача: Да се направи истражување за Крушевскиот Манифест
- Да се напише што содржи овој документ
- Да се толкуваат пораките од Крушевскиот Манифест
Изработената домашна да се испрати kate.avramoska@live.com
May 22, 2020
Tags :
Историја 7 одд
,
Историја 8 одд
,
Историја 9 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email



No Comments