Friday, May 29, 2020

thumbnail

Историја 8 одд. Македонија во времето на Младотурската револуција

Македонија во времето на Младотурската револуција

Цели на часот:
- Да знаат за учеството на Македонците во Младотурската револуција и во нејзината одбрана
- Да знаат за политичкото организирање и делување на Македонците во периодот на младотурците

Причини за избувнување на Младотурската револуција во Македонија

- Султанскиот апсолутизам и лошата општествено-економска и политичка ситуација во Македонија - идеална почва за прифаќање на Младотурската револуција
- Незадоволство од султановиот режим имало кај македонскиот народ и кај напредните османлиски средини
- Македонија - центар на младотурското движење

Одгласот и подршката на Младотурската револуција во Македонија

-Младотурската револуција била прифатена и подржана од истакнати македонски револуционери - Јане Сандански
- Сандански во Солун издал „Манифест до сите сонародници во империјата„
- Поддршка на Младотурците од македонски револуционери за време на султанската контрареволуција 1909 г.

Појава на политички плурализам во Македонија

- Формирање на политички партии
- Во 1909 г. формирана Народна федеративна партија (НФП) на чело со Димитар Влахов
- НФП се залагала за решавање на аграрното прашање и за бесплатно образование
- Димитар Влахов пратеник на НФП во османлискиот парламент


                                                                    Димитар Влахов

- Формиран Сојуз на бугарските конституциски клубови во Македонија - приврзаници на  
спротивното крило на ВМОРО кои биле пробугарски ориентирани
- Се појавиле албански  политички клубови
- Појава на синдикални и работнички здруженија

Заострување на младотурскиот режим

-Ограничување на правата и слободите

  
Домашна задача: Да се направи истражување за Манифестот на Јане Сандански  
Истражувањето да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.