Друга работа што сакам да ви ја кажам е дека голем дел од вас не ја испраќаат домашната работа. Како што знаете нема да се оди на училиште до крај на година и ќе се оценува на овој начин. Последен пат ве молам да испаќате домашна работа, во спротивно вашите оценки ќе бидат намалени. Немој после да се чудите зошто. Да си знаете.
Новата домашна е следна. прочитајте во учебникот од стр. 78 до 81 и одговорите на следниве прашања.
1. Како се нарекуваат научниците што ја набљудуваат вселената?
2. Зошто Сонцето го гледаме во текот на денот, а Месечината само навечер? Образложи.
3. На која страна изгрева Сонцето и во кој дел од денот е највисоко на небото?
4. Земјата е неподвижно небесно тело и Сонцето ја обиколува Земјата еднаш во денот. Дали ова тврдење е точно? Ако не е образложи кое е точно тврдење!
5. Што е Земјина оска?
6. Што е орбита?
7. Во кој месец од годината Земјата е најблиску до Сонцето?
8. Зошто имаме повеќе годишни времиња?
9. Кога почнува летото и зошто баш тој ден се смета за почеток на летото?
10. Кога почнува зимата и зошто баш тој ден се смета за почеток за зимата?
11. Кое годишно време е на јужната хемисфера, ако на северната завршува летото?
Рокот за оваа домашна работа е до сабота 09.05.2020 до 19 часот.
Домашната работа праќајте ја на classroom.
May 04, 2020
Tags :
Физика 8 одд
Subscribe by Email
Follow Updates Articles from This Blog via Email
No Comments