Tuesday, May 26, 2020

thumbnail

Историја 9 одд. Општествено-економски и политички промени кај Балканските држави

Општествено-економски и политички промени кај Балканските држави

Цели на часот: 
- Да знаат за политичките промени во балканските држави
- Да знаат за основните појави и процеси во општествено-
економскиот живот на балканските  држави
-Да знаат за состојбите со човековите права

Грција во времето на Граѓанската војна (1946 - 1949)

-Судири меѓу левицата (КПГ) и десничарскиот блок (подржувани од Велика Британија)
кулминирале со Граѓанска војна 1946-1949 година 
- Борби меѓу владините трупи потпомогнати од Велика Британија и САД и Демократската армија (ДАГ) борби во кои учествувале и Македонците од Егејска Македонија 
- ДАГ била поразена, а Македонците и Грците биле принудени да емигрираат во странство

Општествено-економски и политички промени во Грција

- 1963г. на парламентарните избори победила Унијата на центарот на чело со Георгиос 
Папандреу
- Април 1967 г. војската ја презела власта (судир меѓу центарот и десницата - се решава со државен удар)
- Обидот за државен удар во Кипар за обединување на островот со Грција, предизвикал воена интервенција на Турција и поделба на островот на турски (северен) и грчки (јужен) дел.
-Кипарска криза - паѓање на воената влада и враќање на десничарската партија, а Грција се прокламирала како Република
- 1974 г. во Грција на парламентарните избори победува Социјалистичката партија на Грција
- Социјалистичката влада почнала да спроведува политика на Национално помирување,
дозволила да се вратат сите „Грци по род„ кои ја напуштиле Грција по Граѓанската војна
Политиката на „ Национално помирување „не ги опфатила Македонците - продолжила грчката дискриминација


                                                          Граѓанска војна во Грција

Општествено-економски и политички промени во Бугарија

- Од 9-ти септември 1944 г. во Бугарија како советска зона на влијание постепено се воведува комунистички систем
- Со формирањето на Владата на Георги Димитров во Бугарија почнал процесот на радикални политичко-економски реформи (национализација на средствата за производство, присилна колективизација, социјалистичка индустријализација)
- Воведување на „диктатура на пролетеријатот„ - еднопартиски систем
- Политика на создавање на една држава со една нација во периодот на владеењето на Тодор Живков - национално угнетување трпеле Македонците и Турците

Општествено-економски и политички прилики во Албанија

- По 1945 г. бил воспоставен комунистички систем 
- На изборите на Уставотворното собрание победил Демократскиот фронт и Албанија се прокламирала како Народна Република
- Се воведува тоталитарен режим на Енвер  Хоџа - забранувал верски слободи

Романија и Турција по Втората светска војна

- По 1945г. во Романија под влијание на СССР бил воведен комунистичкиот систем, а Романија станува Република 
- Била извршена национализација на средствата и тие преминале во државна сопственост
- Најдолго на власт во Романија се задржал Николае Чаушеску, кој вовел диктатура на раководењето
-Турција по Ататурк се развива во демократска земја, економски се развива, а делува повеќепартиски систем

Домашна задача:
 Да се одговорат прашањата во учебникот на 129-та страна.
 Домашната да се испрати на kate.avramoska@live.com

Subscribe by Email

Follow Updates Articles from This Blog via Email

No Comments

Powered by Blogger.